Твит за убавите мигови, ретки и скапоцени. Твит за едвајчекањата, за желбите, за копнежите. Твит за допирите, нежни како стакло, за треперењата, за погледите. Ебено убав, среќен твит.
Замисли: топла јулска вечер. Не врела, таман толку топла за да знаеш дека е лето. Зад куќата, три маслинки. Оркестар штурчиња. Пред куќата, море. Брановите само што не влегле низ прозорец. Месечината далечна и за малку полна. Мириса смоквата од соседниот двор. Спиеш? - шепотам...
@MarincePink@hranetta Види, имам доста деца од таа генерација во близина. Ни пијат, ни се дрогираат. Навистина верувам дека ќе бидат подобри од нас и она пиење ради пиење, ќе исчезне за генерација -две.
Љубовта треба да ти го дава истото чувство како лежење на вода - нежна прегратка, поддршка кога ти треба, слобода во секој миг, безграничен мир, сина среќа, и очи и уши затворени за грдиот свет околу. Ако не, што ќе ти е.
Убаво е да имаш омилен човек, ама ако ми се смачите, во некое следно постоење ќе си се родам ко маслинка, да одморам од вас 300-400 години. Е, тогаш, ќе си имам омилена мачка и ќе ја чекам да ми дојде во секоја следна реинкарнација.
Нешто со малечки зелени ливчиња, како босилек. Нешто нежничко, како незаборавче. Нешто со ситни цветчиња, како момина солза. Нешто розевко. Ете, такво цвеќуле треба да живее во саксијава. Предлози?
Собирам розови шишенца, малечки вазнички, украсни садови со капак, сто и една верзија на стакленца кои, веројатно, никому за ништо не служат, а јас ги замислувам полни со шарени бонбони, камчиња од море, сушени цвеќенца, вкусови, допири, мириси, спомени..
Релакс масажа во 9 часот е, веројатно, најдоброто нешто што можеш да си го дозволиш во еден вторник. И, она "ќе ти ја измрсам косата", сосем поинаку звучи :))
Кога имаш многу љубов за давање која нема каде да оди, направи мармалад. Од кајсии, на пример. И мешан, шо да не. Цела зима ќе си имаш теглички полни сонце 🌞