Во земја каде што „наведната глава сабја не ја сече“ и каде што сме научени да молчиме и да калкулираме, протестот е начин да не им ги препуштиш одлуките за твојот живот на луѓе кои не го застапуваат твојот интерес.
Од Спас за Дошница до Стоп за Усје, движења на отпор се појавуваат ширум државата. Почнуваат од мали групи луѓе што одлучуваат да не молчат, да решаваат проблем по проблем, конкретно и упорно, и да издржат пред притисоците од политички и бизнис структури.
Гледајте:
https://t.co/qUw7glkUN8
Во новиот поткаст „Возможна правда”, разговараме со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата, и со Сашка Цветковска, главна и одговорна уредничка на ИРЛ – за тоа како изгледа борбата против корупцијата одвнатре, кога системот не штити и кога одлуката да продолжиш не е секогаш лесна.
Гледајте на нашиот Youtube или Spotify канал.
Гледајте го поткастот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата, и со Сашка Цветковска, главна и одговорна уредничка на ИРЛ – за тоа како изгледа борбата против корупцијата одвнатре, кога системот не штити и кога одлуката да продолжиш не е секогаш лесна.
https://t.co/ErAe5G2EYv
Насилството врз жените е машки проблем.
Кога се премолчува насилничко и деградирачко однесување, се создава простор тоа да продолжи – и да има фатални последици за многу жени.
Кога молчиме, заземаме страна.
Гледајте го поткастот „Постхумна реакција“ на YouTube со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, новинарката од Слободен Печат Мирослава Симоновска и адвокатката Неда Чаловска, застапничка на семејството на Ивана и Катја.
https://t.co/StkaExfhmm
Вкупно 39 полицајци не постапиле во случаите кога Ивана Јовановска го пријавувала Стојанче дека ја тепа.
Таа и нејзината ќерка Катја го загубија животот по пад од тераса, по години физичко и психичко насилство – како што се открива низ судењето кое е во тек.
Стојанче Јовановски е обвинет за наведување на самоубиство, како и за дела поврзани со насилството што со години било пријавувано.
Гледајте го поткастот „Постхумна реакција” на линкот: https://t.co/mRSezRBho5
Во новиот поткаст разговараме за последните случаи на фемицид со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, адвокатката Неда Чаловска, која го застапува семејството на Ивана и Катја Јовановски, и новинарката Мирослава Симоновска, која ги следи случаите на Ивана и убиената Росица од Велес.
Гледајте на
Youtube: https://t.co/zZ0JqO4138
Spotify: https://t.co/LPWYh1Qm8h
Колку пријави во полиција се потребни за да се спречи фемицид?
Во новиот поткаст „Постхумна реакција“ разговараме со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, Мирослава Симоновска, новинарка од Слободен Печат која ги истражуваше последните фемициди, и Неда Чаловска, адвокатка која работи на случаи на семејно насилство и го застапува семејството на Ивана и Катја Јовановски.
Зборуваме за случаи каде насилството било пријавувано, а институциите не постапиле. За дела што се гонат по службена должност, но не биле гонети. И за систем што реагира постхумно.
https://t.co/ihWWYx4khi
Како се создава јавното мислење? Кој влијае на тоа што ќе мислиме и зошто?
Во поткастот „Новинарски пазар“ зборуваме за притисоците врз медиумите, границата меѓу новинарство и пропаганда и начинот на кој информацијата станува бизнис.
Новинарите Тамара Чаусидис, Назим Рашиди, Маја Јовановска и Деница Чадиковска откриваат што навистина се случува зад сцената.
Во поткастот ќе гледате и видео-сторија со изворно сведоштво на новинарите на ИРЛ, кога луѓе со моќ и пари се обидоа да го купат нашиот интегритет.
https://t.co/gBTQvxSakS
Во ИРЛ сме добивале многу понуди да не објавиме истражување, но ова беше прв обид да платат да објавиме сторија во интерес на оној кој плаќа.
Маја Јовановска споделува како на ИРЛ му беа понудени пари да објави скроено истражување за случајот со приватизацијата на „Поштенска банка“ - случај кој одигра голема улога во уништувањето на македонската економија.
Видео-сторијата премиерно беше емитувана во вчерашниот поткаст „Новинарски пазар“, кој можете да го гледате на нашиот Фејсбук профил или на Спотифај.
🥇ИРЛ ја доби првата награда за истражувачко новинарство „Никола Младенов” за истражувањето „Кочани - Нашиот морален компромис”.
Наградата ја делиме со колегите од КОД и Фокус за три истражувачки стории за пожарот во „Пулс”, а се доделува од Македонскиот институт за медиуми.
Изјава на комисијата за доделување на новинарските награди: „Комисијата особено го вреднува новинарскиот пристап на ИРЛ, кој се одликува со темелна документациска работа, поврзување на повеќе институционални и правни аспекти на случајот, како и со способност сложените и чувствителни теми да се обработат јасно, аргументирано и одговорно. Сторијата покажува зрел истражувачки пристап, во кој фактите, изјавите и контекстот се вклопени во заокружена целина што има силен информативен и општествен ефект.”
Кој плаќа за тоа што ќе мислиш? И кој има корист ако сите размислуваме исто?
Новинарите откриваат како твоето мислење е огласено на продажба.
Во новата епизода „Новинарски пазар“ зборуваме за тоа како се создава јавното мислење, каде е границата меѓу новинарство и пропаганда и што се случува кога информацијата станува бизнис.
📺 Вечерва во 22:50 на МРТ1
▶️ На Фејсбук и Спотифај каналите на ИРЛ
Никој не ја спори содржината, ниту откриените факти. Наместо тоа, добивме 90-дневна забрана за објавување на YouTube.
Поткастот „Цената на правдата“ е објавен на нашите Facebook и Spotify профили и може да го гледате таму.
https://t.co/crrlHcR7Pv
⚠️ Документарецот „Цената на правдата“ беше отстранет од YouTube по пријава за авторски права од Плусинфо и Лидер. Кратки исечоци од нивни видеа беа искористени во филмот за критика на медиумската пропаганда што работи во заштита на корумпирани моќници.
Одлуката ја донесе алгоритам, а не човек. ИРЛ поднесе контра барање за ревизија. Во меѓувреме добивме 90-дневна забрана за објавување на YouTube, па содржините ќе ги објавуваме на Facebook и Spotify.
Во новиот поткаст вечерва во 22:50ч. зборуваме за истражувањето „Цената на правдата“, за нападите врз свиркачите и новинарите и за тоа како функционира системот кога правдата зависи од одлуките на неколку моќни поединци во институциите.
Зборуваме и за Кочани, бидејќи вчера се наврши една годин�� од трагедијата која однесе 63 млади животи.
🎥Поткастот ќе се емитува вечерва во 22:50 на МРТ1 и на Фејсбук и Спотифај каналите на ИРЛ.
Потребна ни е вашата поддршка. Споделувајте ги нашите содржини и помогнете вистината да стигне до повеќе луѓе.
2/2 Извештајот до кој дојде ИРЛ открива како играта може да се намести уште пред предметите да стигнат до суд, преку манипулации со заведување и распределба на случаи во обвинителството.
🎥 Гледајте ја епизодата „Цената на правдата” на нашиот Јутјуб канал.
1/2 Како се манипулира правдата и се штитат моќни лица од кривичен прогон?
Во центарот на оваа приказна е еден извештај од надзор врз работата на Вишото јавно обвинителство Скопје, кој со месеци бил сокриен од јавноста.
Следена новинарка. Сокриен извештај од надзор врз работата на Вишото јавно обвинителство. Корумпирани обвинители и пет храбри службенички кои решија да ѝ се спротивстават на мафијата.
Гледајте премиерно на МРТ1 и на Youtube каналот на ИРЛ.
https://t.co/pw4JRng7ud
Новата и долгоочекувана епизода од серијалот Редакција ќе ве шокира, иако сите навидум знаеме како се местат судски случаи.
Вечерва во 20:15 го о��јавуваме документарецот „Цената на правдата“. Гледајте на МРТ1 и на нашиот YouTube канал.
#8Март #ЖениПротивМоќта
2/2 Истражувањето ја открива улогата на Вишото јавно обвинителство во гаснењето на високопрофилни случаи во кои државниот буџет е оштетен за милионски суми.
Далеку од очите на јавноста се носат одлуки со кои предмет стар дваесет години може едноставно да исчезне.
1/2 На 8 март, во 20:15, на МРТ1 и на YouTube каналот на ИРЛ ќе биде објавен документарниот филм „Редакција: Цената на правдата“.
П��т жени се спротивставуваат на мрежа од моќници што никогаш не очекуваше отпор.
3/3 Поради ова истражување, во изминатата година ИРЛ и жртвите беа цел на координирани медиумски напади, вклучително и од новинарот Драган Павловиќ Латас, како и од лица кои својата медиумска моќ ја користат за сопствена заштита од одговорност.
🎥 https://t.co/9wDIOfkjWK
1/3 Пет жени. Едно обвинителство. И мрежа од моќници што никогаш не очекуваше отпор.
Во 14:00 часот на нашиот YouTube канал го објавуваме трејлерот за новата епизода на „Редакција“.
2/3 Епизодата ја разобличува моќта на Вишото јавно обвинителство и неговото влијание врз гаснењето на високопрофилни случаи во кои државниот буџет бил оштетен за милионски суми. Далеку од очите на јавноста се носат одлуки со кои предмет стар 20 години може едноставно да исчезне.