Утрово повторно Костур, но сакам да ја погледнете архитектурата и градбата на старите куќи.
Зарем не ве потсеќа на други македонски градови?
Доволен показател и трага кој навистина живеел таму.
Продолжуваме со серијалот на фотографии кои се ретко или воопшто не се објавени од голготата на Македонците во егејска Македонија.
Не може да се опише колку болка има во оваа фотографија. 😢😢
Мајка протерана со своите три деца од родното огниште.
Ако сте се запрашале како изгледал прогонот на Македонците од Егејот, еве една фотографија.
Караван од 1946 на протерани мајки и деца, додека мажите биле егзекутирани за што следат фотографии во следните денови. 😢😢
Братче и сестриче, Лаца (6) и Панде (10), 1948 година Унгарија, после прогонот од своите родни огништа.
И двајцата се живи и здрави, Панде има 85 години а неговата сестра Лаца е 4 години помала. 💔💔
Дефиле на Егејската бригада по ослободувањето на Гостивар 18-ти и Тетово 19-ти ноември, 1944 година.
Главната задача на бригадата била да го чисти теренот низ западна Македонија од балистичките банди, во што била целосно успешна.
-Замисли да не смееш да говориш на мајчиниот јазик
-Да си присилен да го промениш сопственото име
-Никогаш да не си ги видиш родителите
-Разделен од своите браќа и сестри
-Да не смееш да го посетиш родното мест��
-Да си мачен поради тоа што си Македонец.
Актерот Кирк Даглас (роден како Иссур Даниелович), поклонува училишен прибор на дечиња од егејскиот дел на Македонија, 1947 година.
Кирк е роден во Њујорк, но и он потекнува од бегалска фамилија.
Новопристигнати дечиња во кампот за деца-бегалци во Чехословачка, 1949 година.
Голем дел од нив биле боси.
Со тешко срце ги постирам овие фотографии, ама младината нека види што се сме пропатиле како народ.