Lessons from life
Тактиката во различни борби е различна - некогаш жестоко напаѓате, понекогаш се браните, најчесто тивко се борите...
Но, ако ја добиете војната, што е важно какво „оружје“ сте користеле...
Just a thought
За разлика од минатите избори за ректор на УКИМ кои беа незаконски и ��алеку од академски, овие избори се карактеризираат со голема трговија со влијанија а клиентелизмот е пуштен на најсилно...
Не е до законот, до луѓето е!
Кога ќе станеме подобри луѓе тогаш ќе имаме подобра држава...
или
Ќе станеме подобра држава кога ќе имаме подобри луѓе...
или
Подобри луѓе создаваат само семејството и образованието...
Демократијата е состојба во која се почитуваат правата и обврските според законите од страна на СИТЕ субјекти.
Наједноставно, Демократијата е постигната кога преовладува рамнотежа на Доброволната Дисциплина .
Кај нас доминира Силата на власта и Непос��ушноста на граѓаните. . .
Од емисијата Економски магазин на Алсат-М со новинарот Иле Петрески. Се разговараше за студентите и студентскиот стандард, како и за образованието воопшто. Одлично подготвена емисија...
https://t.co/jOqOENtnvg
Порака до студентите!
Утре за време на преговорите бидете скромни. барајте СЕ што ќе ви текне. Се ќе ви дадат.
Затоа што обично оваа македонска каста политичари за се изгласува пари САМО ЗА СТУДЕНТИТЕ НЕ...
И прашајте ги поединечно колку наплатиле патни трошоци годинава?
На 06.11.2022 (сабота) МАКЕДОНСКА МОДЕРНА имаше јавна промоција во Општина Ново Село.
На промоцијата говореа двајца од основачите, Петар Атанасов и Стевче Стојанов.
МАКЕДОНСКА МОДЕРНА е движење за решавање на социоекономските, општествените и културните проблеми на граѓаните.
МАКЕДОНСКА МОДЕРНА е движење за решавање на општествените и културните проблеми на граѓаните. Ни требаат решенија за модерно општество, за нашите градови кои не функционираат.
Да се обидеме заедно да го надминеме традиционализмот со нагласок на активностите на индивидуалноста.
Пред еден месец, поточно на 1 октомври, неколку активисти формиравме нова граѓанска организација МАКЕДОНСКА МОДЕРНА...
Да не биде дека не сум кажал... следете не... наскоро почнуваме со активности!