Луѓето викаат дека самоубиството е себично, ама луѓето никогаш нема да знаат што ти се мота во глава и што осеќаш. Мразам се што осеќам, а најмногу од се се мразам себе си. Океј е. Поминаа и плачки и нервози, сега сум само помирена со што и да е ова.
Депресијата е најлошото нешто што постои зошто единствено сам можеш да си помогнеш, сакаш да си излезеш од кожа, а немаш сила ни да станеш од кревет, ни да јадеш, ни да спиеш и имаш константна желба да се ��редозираш и да заврши се. Ќутиш, ама вриштиш во себе. Го мразам тоа.
И секој ден фантазираш за сопствената смрт зошто тоа е најлесно, а ти си веќе уморен и ќе бидеш раат и нема да осеќаш веќе никаква болка, ама ни радост. А радоста одамна ја нема. И проаѓа денот и си викаш ај утре.. И поминале месеци и години и ти се уште си тука, закопан жив.