Во МКД се вработуваш и се радуваш дека ќе има со што да ги платиш сметките и да обезбедиш колку-толку пристојна храна за дома. Вие пак сакајте тука да останете, ок е.
Си одат дома маж и жена пенционери и гледаат некој влегол во станот да краде. Првата реченица што му рекла жената на мажот била: Серафимеее, види брзо дали стојат фискалните на место.
Одам на жешкото до продавница, како ме удира сонцето пред мене ми излегуваат слики од првиот школски ден и слушам глас на покојниот дедо како ми вели да му купам цигари.
Два типа на родители:
1. Лекуваат самоволно деца со антибиотик тогаш кога нема потреба за антибиотик.
2. Лекуваат самоволно деца со чај од камилица тогаш кога треба да се даде антибиотик.