❤️ Словенечката европратеничка со македонско потекло Ирена Јовева @IJoveva во Стразбур им ��е обрати на бугарските колеги на македонски јазик:
За да постои на македонскиот народ не му треба ваша дозвола, но на вас да го признаете тоа ви треба чесност, интегритет и храбр��ст! Знам!
Одземени 437 лиценци на градежни фирми? Па јебо вас бог тоа значи дека пола градби у државава се без стандарди. Абе и у тие градби живеат фамилии и деца алооо. Битно квадратот си пичи 3000 еура и више.
Класична Вукојебина.
У 4 сабајле, го отвориле ЗЕГИН у Кочани, да земат основни медицински ствари, за да можат да им укажат прва помош на дечињава, бидејќи Кочанската Болница намала апсолутно ништо!
Треба да се уапсат и последните 6 Министри за здравство, сосе Филипче.
Бев во куќен притвор кога се појави една серија на Нетфликс, O Mecanismo (Механизмот), правена ем по вистински случај, ем политички ангажирана, бидејќи се појави во екот на кампањата за претседателските избори во Бразил. Настрана тоа, поентата на серијата беше одлична.
Еден џандар ��со крстот на чело“ како „последна будала“ се трудеше од петни жили да истражува голем коруптивен случај на спрега меѓу политичка партија, медиуми и нафтена компанија. Беше шиканиран од сто страни, екскомунициран, работеше во својот подрум, црташе шеми на табла, собираше докази, го пополнуваше мозаикот... и додека се трудеше да го поврзе и разбере кругот на корупцијата, пред куќата му се излеа канализациона цевка.
Се јави во водовод, дојде „Педро“, му кажа „нема проблем, ќе го санираме за 5 дена и ќе чини 1000“. Праша џандарот дали нема побрз начин, на што д��би визит карта со име „Жоао“ и одговор дека има. Треба да се јави на Жоао и ќе завршат работа. Се јави, дојде Жоао и кажа дека може веднаш да го среди проблемот, за цена од 5000. Џандарот го праша зошто толкава разлика, а Жоао му соопшти дека од тие 5, само 1000 се за него, а другите ги дава на овој кој го препорачал, кој пак ги дели со свои надредени.
И додека се занимаваше со десетиците милиони евра цртајќи корупциони кругови на таблата со политичари, нафтени магнати, пералници за пари и меидуми - започна и да црта еден помал круг за илјадници пати помалку пари, во кој беа водоводот, Жоао, Педро и тој. И сфати дека принципот е ист, само сумите се различни.
Поента? Кога е 'рѓосан цел „механизам“ корупцијата е насекаде, не само горе во високите кругови, како во повеќето земји, па не ги афектира животите на сите други граѓани до тоа ниво. Но кога ќе има 'рѓа во целиот систем, таа е насекаде.
***
Живеам во зграда која започнал да ј�� гради некој човек со кредит во банка. Не успеал да ја догради, заглавил, банката си ја реализира хипотеката, па продава станови нудејќи поволни кредити за истите. Така купивме и ние.
Во зградата на лето снемува вода. Има касети за хидрантски црева, но нема црева. Ако нема вода и има пожар, може едино со јогурт да гасиме, додека дојде пожарна. Ај што нема вода, туку нема ни некакво официјално пусулче од водовод дека се предала на времето во примопредаја мрежата на зградата. Којзнае какви правни лавиринти имало во промената на сопствеништвото, но пропуст некаков имало. Па кога ќе имаме некаков проблем со водата (или запушување на шахти) само на добра волја доаѓаат од водовод, иако немаат примопредаја направено. Но иако немаат, сметки ни наплаќаат.
Тоа што немаме вода, пак, може да се реши со изградба на нов резервоар за вода. Со години го чекаме, уште не е во фаза на реализација. Ај што не е, туку на нашата линија во моментов се градат неколку нови објекти - кои сигурно нема да го подобрат притисокот на вода утреден кога ќе бидат пуштени во употреба.
Ова е малиот круг.
Големиот круг на механизмот, на 'рѓосаниот систем, го видовме пред два дена во Кочани. Од секаде каде што можело да „протече“, протекло. Ама буквално од секаде. Така јас гледам на нештата. Секој инволвиран по било кој начин, на некој начин е кабает. Тргнувајќи од првиот кој дал дозвола за тој објект, или ако сакате поназад, од тој кој во правилн��ците за адаптација на еден објект во намена за вршење угостителска дејност од типот кабаре/ноќен клуб, не ги предвидел истите правила на игра како кога би градел таков објект одново. За ова утринава зборуваше и МВР Тошковски.
„Куќата на смртта“, таа шупа маскирана како ултра модерно диско, ни е секој д��н околу нас. Бидејќи тоа е нашата држава. Тоа е Македонија. Земја во која секоја услуга е можно да ја добиеш побргу, односно на време, само ако имаш к'смет да имаш добри пријатели или пари кои ќе ти го купат времето. Земја во распад, тоа наследи новата генерација на водачи на Македонија. Земја во која не знаеш од кај да тргнеш, за да пофатиш се што е иструлено, 'рѓосано низ годините. И во тоа имаме учество сите ние кои сме се навикнале на културата на корупција на најситно ниво, затоа што таа ја наметнале корумпираните елити кои ја преземале оваа земја од рацете на социјализмот, кон прегратките на нелустрираниот квази-капитализам.
Зошто и како таа шупа функционирала толку време како што функционирала? Кој дал амин? Кој не ја проверувал? Има ли и тука џандари, како што слушам дека има на други места, кои се на платен список на некој угостителски објект, па предјавуваат контроли и инспекции - или самите ги вршат неделувајќи? Има ли такви инспектори кои влегле во системот за да заработат по секоја цена? Како е можно да се зборува, да се шушка се погласно, дека постоел тарифник за фалсификувани лиценци? Зошто се преполнувал? Со малолетници, плус? Под алкохол, супер-плус. Зошто бил небезбедно адаптиран? Зошто никој не помислил што може да се случи ако пуштиш прскалка во таков објект? Јас сум убеден дека никој од бендот не знаел дека има лесно запалив кров, па да ризикува сопствен живот пред се и животите на сите фанови, за малку визуелен спектакл. Ама н��кој требало да знае. Некој требало да следи процедури. И за обложување тавани, и протокол за настани со пиротехника. Ама изгледа не се замарал. Некој требало да знае дека не може во мал простор преполнуван со гости со ГО ДИ НИ, да има - еден излез за „недај Боже“. Ама не се замарал. Ни тој кој правел пари од тоа, ни оној платен од нас, во системот, кој требало да с��роведува закони и регулативи кои ќе гарантираат безбедност на граѓаните.
Ама не се замарале. Не со тоа. Се замарале веројатно со тоа каков џип ќе возат, каков мобилен ќе имаат, кај ќе летаат месецов на одмор.
И не е утеха никаква што ќе летуваат во шутка. Трагедијата ќе оддекнува со децении. Најдоброто што може да се случи е оваа да е последна во која ќе се види сета трулост, сета 'рѓа, сета расипаност во светот од кој сите сме дел. И во кој сите сме фрлиле по некоја тула. А тој кој никогаш не фатил врски за преглед на болница, нека ја фрли првата према останатите нас.
Во меѓувреме остануваат многу прашања. Неколку од нив, поврзани со „малиот круг“. Колку згради се како мојата? Сигурен си дека лифтот е прегледан асално во твојата зграда? До колку згради/куќи нема простор да пројде пожарна? Страшно нели? Ама ако градиш ти, ќе мислиш ли прво на тоа, или на максимумот квадрати кои ќе ги обезбедиш со помош на подмачкување во секторите за урбанизам? Колку станови се градени најфушерски, а продавани најскапо? Зошто купувате такви станови? Зошто одиме во такви дискотеки од кои „нема излез“? И зошто ги праќаме нашите малолетни деца во нив?
Секој народ добива власт каква што заслужува. Јас мислам дека заслужуваме повеќе од шупите во кои ни гори животот и иднината. И како човек кој ги знае повеќето луѓе кои се сега на смена, убеден сум дека истиот гнев преточен во одлучност го имаат и тие. Бидејќи, без да звучам фаталистички, нашата генерација навистина нема да има друга шанса конечно да изгради држава.
***
Гневот е нормален, природен и разбирлив. Протестите, како на пример овој утре, ги разбирам само како канализирање на гнев, а не како протест кој ќе изнедри некакви барања или ќе прави притисок. Бидејќи не гледам на што треба да се прави притисок, кога реакцијата на државата е промптна, ефектна и силна. И не запира. Нема сега кабли, пајаци и фалусни карики на клупата за обвинети. Додуша, немаше ни тогаш „спонтани реакции“ од луѓе на кои им дошло преку глава. Им дошло сега. Пеки. Доста зборував што немаше, сега ќе ви кажам што имаше.
Тамара, Смилковско, Младенов, Диво Насеље. За помладите, сите овие се случаи кои политичките некрофили ги злоупотребуваа за да ја манипулираат масата народ со најемотивни теми, а за нивни политички цели. По остварување на истите, случаите беа заборавени, очекувањата изневерени. Бидејќи и не можеше да има друг епилог од оној кој беше постоечки, фактичка ситуација, во мом��нтот кога некој реши да ги злопотреби.
Последно што помнам пред некоја година, имаше протести за случајот онкологија, но не знам против кого - имајќи предвид дека веќе беа притиснати институциите да постапуваат, а политичката одговорност беше неможна бидејќи не беше на власт истиот министер во чие време се случил тој случај.
Она што ��е го памтам е „жарење и палење“ за модуларната, за дурмо, за ласкарци... па и за мазутот сега. Позицијата „епа бидејќи тогаш молчевме сега мора да сме гласни за да не се повтори“ исто така совршено ја разбирам. Но, она што не го разбирам целосно, беше инсистирањето на некакви протести „пошто-пото“ со денови и денови откако виновникот за трагичната смрт на Фросина веќе беше зад решетки. Реков не целосно, бидејќи протестот како начин на искажувањ на жал, бес и гнев кон фактичката состојба сосема го разбирам. Бидејќи сум го чувствувал. Сум организирал. Сум учествувал. И да, сум бил злоупотребен. Но оние кои ме предупредувале на таа опасност, кога ми го зборувале тоа, не сум сакал да ги слушам. И не треба. Бунтот на младиот човек е неопходен, ама ако оди паралелно со развојот на мислата преку искуството. За да бидеш правичен и ефективен. А не шарен куртон.
И ако цртам у��те еден круг, можам. Во него ќе се искрени бунтовни луѓе во жал бес и гнев кои ќе се масата, ќе има и искомплексирани идиоти или наемни невладини кои ќе бидат жарчето и нечија трагична судбина која ќе е мотивот и предметот на злоупотреба. Видиш, и тоа е корупција. Но, на духот. А интелектуалниот инвалидитет, ампутираниот дух, е најлошото нешто што може да го снајде човека. Подеднакво лошо е да си тап, глув и нем на секоја дразба и за ништо да не ти се мрда, но и да си топовско месо кое друг ќе го злоупотребува. И знам што ви зборам. Имам километри на улица и знам кога политички или службашки структури ќе решат да ти ја убијат идејата и енергијата, затоа што се хранат со тоа, од сопствени криминогени или психопатолошки причини.
И да, ќе мине време, ќе стивне гневот. Откако ќе стивне, ќе нема ситуации како денешната во која оставката на Љупчо Папазов одеднаш од императив стана небитна, па се бараше уште „крв“. Ќе нема, бидејќи секој ќе може рационално да расудува и проценува, а да не дозволува со неговите емоции да манипулираат разни агенди. Ако не ме сфаќате денес, ќе ме сфатите за... некоја недела. Некои од вас. Некои никогаш. Некои уште сега знаат што им зборувам.
А ќе стивне, бидејќи знам дека луѓето кои се сега на смена немаат друга ни опција, а ни желба, освен таа да ја одмаздат смртта на сите кутри луѓе од 16-ти март, односно да ја вратат вербата на сите нас дека ова што се случи беше последното предупредување за Македонија.
Но��мално, знам дека оние за кои ви пишувам погоре, секогаш ќе се трудат да ве убедат во спротивното. Но, јас се обраќам на слободномислечкиот народ со капацитет за разумно размислување. И на младината чиј бунт е и мој бунт, бидејќи никогаш не ме напуштил. Само сега, како малку постар, бирам каде ќе го канализирам, за да не оди во ветер...
...како што отиде во Белград пред неколку дена. Бидејќи освен целта „да се собереме“ - немаше друга. И сите со малку искуство на темата знаат што зборувам. Другите... ќе научат. Пешки, по улиците. Бидејќи - тој е патот.
***
И да, џандарот му плати на Жоао.
И да, подоцна им „наплати“ на високите корупционери. Претседател на Бразил лежеше во затвор поради тоа.
И да, тој кој лежеше во затвор излезе и денес, во овој момент, е повторно претседател на Бразил.
За 2 минути полнам 39 години. Ова роденденско послание кон сите добронамерници на мојот профил го посветувам на битката која е во тек и во која мора да се дојде до правда. Правда за трагично заврш��ните животи на 16-ти март, најцрниот ден во поновата македонска историја.
Никогаш да не се повтори. Тоа е нашата обврска.
Посакувам закрепнување на сите кои се борат во моментов со проклетата страна на животот. Бог нека им дава сила и здравје на живите, и спокој и светлина на оние кои веќе не се меѓу нас.
Ваш,
Б.
Имавте 8 месеци да ги затворивте, ги оставивте да ви роварат и да се реорганизираат, намирисаа крв хиените иди сопри ги сега, полни се со пари и ке ги вложат да организираат протести и немири!!!
Со годишен Буџет од 5.5 МИЛИЈАРДИ евра. По настан у кои во ПОЖАР ти загинуваат 60, а 200 се повредени, ти да немаш ЦЕНТАР за ИЗГОРЕНИЦИ, ти не си држава туку септичка јама.
Го прашаа Арбер Адеми денес пред полициска станица во која улога е дојден додека на распит внатре е Бектеши, а он (мртов ладен) рече дека не смееме да покажуваме со прст на ДУИ зошто им штетело на меѓуетничките односи...
жртвите тие на мајка
Имате ли претстава дека Кочани е сега запустено? На ваков низок наталитет, демографска катастрофа, да ти загинат толку деца, тоа не е трагедија, тоа е уништување на цела една генерација.