“...но јас решив, низ чопорот прегладнети волци, да поминам обвиткан со мојата душа, која никој не може да ја растргне.И знај дека ќе поминам...ветувам!!!“
Те чувствувам.
Помеѓу мислата и зборот.
Во меѓупростор кај што се раѓа душата.
Постоиш во недореченоста.
Се замотуваш во тишина.
Ја гушкаш самотијата.
Како да не сме доволно казнети..
Бегаш.
Како да имаме сто животи.
Ги отфрлаш.
А во едно "Сега"...сокриени се и мигот и вечноста.