Изминатата ноќ по моја лична иницијатива бев на терен со доброволните противпожарни друштва од Битола и Кочани. Целта ми е барем на кратко да го запишам или визелно помогнам како и изминатите 20 години низ фотографија пожари и дејствување...
Она што го видов и забележав низ објективот е чиста пожртвуваност. Тие се веќе 5 дена во Мариово, дејствувајќи со кратки паузи и крајни напори за да го локализираат огнот.
Со само 10-тина луѓе на терен во тие критични моменти, ноќеска успеаја во најважната мисија го одбранија селото Бонче. До раните утрински часови веќе 90% од кракот беше соборен.
Погледнете дел од атмосферата од првата борбена линија. Да им оддадеме признание на луѓето кои ги ризикуваат своите животи за да ги спасат шумите и селата во земјата.
Кога зборуваме за ментално здравје на мајките треба да видиме колку институциите се заинтересирани да ги стават потребите на жените во центарот на политиките што најчесто се потпираат врз нивниот неплатен труд и врз нивната репродуктивна способност.
https://t.co/zUN5UHPRlb
Шивачката работилница во КПУ Идризово, креативниот активизам, модата како огледало на времето и општеството и ред други муабети со мене кај Бајкерот и кросфитерот на поткаст 😇
https://t.co/B4SACUxmIv
Спомен за Иле Гоцевски - тивкиот херој од кочанската Брза помош чиешто срце не издржа откако цела ноќ и цел ден на раце носеше починати и повредени од пожарот во дискотеката „Пулс“.
@itosheva@MummyDust_ Од многу параметри ми зависи реакцијата како родител :) Но нема ризик да се однесе на проценка или само разговор со стручно лице...
Битно, не значи дека родителот нешто греши при воспитување...многу работи може да влијаат и да претставуваат 'проблем' во одреден момент или однос.
„Не можев да отидам на испит на факултет бидејќи беше во кабинетот на втори спрат каде што нема рампи. И така го паднав испитот“
„Стигнав до Пулмологија некако со електрична количка ама не можам да влезам внатре, ми пропадна терминот и никому ништо“
https://t.co/GmyFrsBMFN
С��кој маж што прави шеги на тема насилство врз жена или дете, заслужува да биде санкциониран и да не му се дава пристап до интернет. Се изначитав срања, другари.
Многу сум бесна.
Во недела, меѓудругото, ќе излеземе на улица и за сите жени што ги снема изминатата година, а можеа да бидат спасени. 🖤
НЕМА ДА НЀ СНЕМА ✊
Знаете што му прави на човека пак овие?
- Респираторни проблеми, невролошки проблеми, рак и смрт.
Знаете што УСЈЕ нема обрвска да мери, благодарение на нашите власти?
Тешки метали.
А, знаете зошто?
Еве, затоа 👇
Се гледаме на блокада во среда!
Алармантно е, животозагрозувачка е состојбата на градов...на општествово.
Со игнорантскиот однос и неодговорноста, институцииве кршат мноогу човекови права, права на децата...
Скопје е болно, од многу аспекти.
Му треба помош.
И не ми е јасно како стигнавме до тука.