@CandoMakedonski Проблемот не е што ги учат да си ја сакаат Мак��донија, туку што ќе ги научат да ги мразат сите останати кои ја сакаат поинаку од нив.
@TCrvenalinija Многу се замарате со прашања дали треба или не треба нешто да се прави.Сега имате милион тв канали и содржини па секој нека си следи она што му одговара.На народот му е преку глава од политика и глупости така што не е на одмет да има и позабавни содржини на тв. МК да учествува!
@StojanceAngelov Не ми се верува на кое дереџе паднавте во само неколку месеци. Ако веќе се откажувате од нешто треба да се откажете од политика а не од сдсм. Чесен човек кој не е зависен од моќ и власт се откажува и си тера понатаму. Нечесните секогаш бараат вина кај некој друг. Останете чесен!
Да се разбереме, не постои грда елка. Оваа елка само ја отсликува душата на нашата земја. Тоа убаво зелено дрвце ќе биде такво какво што ќе решиме ние. Или ќе го украсуваме и негуваме или ќе го запустиме. Затоа ако нешто и фали на елката тогаш тоа е поради нашиот однос кон неа.
@aleksandar91mk @PetarBogojeski Забега другарчево и му нема враќање. За вакви случаи најблиските од фамилијата предлагаат да се проба уште кај поп или оџа па ако биде биде, ако не...
А сега сите националисти да си го повторуваат и да го запаметат следново: убијците и монструмите немаат вера ни нација. Тие се психопати а такви има насекаде. Затоа, кога ќе се случи вакво монструозно дело не обвинувајте цели народи туку само монструмите кои го направиле делото.
@Safit_Zeqiri За жал многу луѓе наседнуваат на овие тактики. Овде на твитер ги има исто многу ама мислам дека барем 70% проценти од нив одработуваат за една или друга страна. За жал на другите мрежи веќе вистински се разгорува омразата. Да се молиме само ова да не излезе од контрола.
@SlavicNorman Се протестира и за едните и за другите насекаде по светов. Шо е толку чудно да се протестира и во Скопје? Имаше протести и против војната во Украина, имало протести против сите "неправди", така да ова е само глуп начин да се исмее нешто.
Цела приказна со крстот има две цели: прикажување на ДУИ како партија која ќе договори решение со кое ќе бидат задоволни сите страни, и намалување на ��оалицискиот капацитет на БЕСА и коалицијата прикажани како националисти и верски шовинисти. ДУИ пак ќе биде "подобрата" опција.
@alexalex070707 @StojanceAngelov Јас не верувам во бајки и знам каква приказна ни пишуваат.И едните и другите беа и уште се во иста коалиција. Ќе слушаш уште многу вакви приказни и ќе се нервираш. На крај некој ќе ти формира влада и после нема да си ич нервозен ама ќе бидеш насамарен без да знаеш за тоа. Поздрав
@StojkoMojov За 130 денари чисто месо... 150 грама плус додатоци??Само тој шо нема допирна точка со тој бизнис може да верува во таа приказна. Тоа месо во никој случај не е чисто, не е сопствена обработка туку е прекупено или сомнително и само испечено кај нив.