Колешка од работа, вика такси на нејзината домашна адреса за синчето 7 год. По 5 мин од такси службата:
-Ало, пред малку вашиот син се качи в кола и кажа дека ќе оди кај баба му.
-Е арно де, не Ве излажал..
-Остај тоа, туку која е адресата??
Само македонец може да подига кредити за да граде куќа на неколку ката, наводно и за синовите негови. Ама од пуста желба да биде глава на куќа, да се меша ко запршка у манџа и се живо само него да го слуша, на крај си живее сам.
Секаде во светот родителите ги помагаат своите деца финансиски колку што можат, само кај нас се прават куќи на два-три ката и му велат на децата "Се додека живееш под мојот кров, јас како ќе кажам така ќе биде".
Ставила селфи и пишала "Без грам шминка". А пред да ја стае на фб употребила филтер за измазнување на брчките, за менување боја на очите, демек такви и се сјајни, за стеснување на брадата и вратот, демек е слаба и нема гуша како и филтер за белеење на забите. Абе лепотица!
Ми вика "Ќе се жртвувам овој одмор, ќе се мењаме со маж ми, он ќе се бања, а јас ќе го чувам бебушот, па после обратно."
Не бе сестро, жртва е да не одеш на одмор со новороденче и да го изложуваш на овие сончеви зраци, прескокни едно лето, ништо нема да ти биде.
-Колку си уморна на скала од 1-10?
-На завршната приредба од градинка, на една од кореографиите, сум снимала друго дете. Сега ги барам родителите, снимката е топ!
Стоп за МИТО!
Оти еден ден, теле се седне на фотеља у образование, здравство, правда и сл. а ти ќе имаш потреба од стручна помош и ќе треба да ја бараш од тоа теле!
Денес е најтажниот ден во Македонија, денот на најмасовниот погреб во историјата на Македонија!
Денес 59 мајки жалат!
59 мајки најмилите чеда в гроб ги ставаат!
Господи дај им сила да ја издржат оваа болка.. болка која гради пара.. Дај им вечен дом на овие ангели и чувај ни ги!
Ве молам сите РТ за да им помогнеме на овое херои кои се обидувале да спасат колку што можат повеќе луѓе. Можело да си седат настрана откако се спасиле, но тие се бореле со пламените јазици, жртвувајќи се!
Нив исто така им треба здравствена заштита!
Со оглед на тоа дека со Устав се гарантира правото на здравствена заштита @mvr_javnost должни сте да им овозможите остварување на ова право заради заштита на здравјето кое може дополнително да им биде влошено, останувајќи на лице место и помагајќи да спасат колку што може повеќе!
Со оглед на тоа дека со Устав се гарантира правото на здравствена заштита @mvr_javnost должни сте да им овозможите остварување на ова право заради заштита на здравјето кое може дополнително да им биде влошено, останувајќи на лице место и помагајќи да спасат колку што може повеќе!
Се плашам дека правдата повторно нема да биде задоволена. Дека ова ќе потрае недела-две и се ќе се врати по старо. Ќе уапсат неколкумина колку да ја смират реакцијата на јавноста, а потоа пак ќе ги пуштат.
Дај боже да грешам!
Каква е оваа болка? Деца останаа без своите родители..Родители останаа без своите деца.. Боли..Многу боли..Заминаа во цутот на младоста, загинаа на прослава во нивна чест, пеејќи ја нивната последна песна наздравувајќи за животот на земјата. Нека ви е светол патот кон вечноста 🕊
Додека едните ни го сменија името, другите се трудат да ни ги променат и државните симболи.
Да можат само да станат хероите од нашата химна Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев и Сандански, па да видат за која стока гинеле.
Дно над сите дна!!
Не постои маж кој не е романтичен, туку маж кој не е со вистинската личност. Ако ја сакаш пријателе едвај ќе чекаш да си одиш од работа, за повторно да ја видиш. Ќе бидеш причина за нејзината среќа, не за тага. Ќе правиш се, за се повеќе да се заљубува во тебе. Тоа е љубов.