13 Октомври e Меѓународен ден за намалување на ризикот од катастрофи!
Спречувањето на катастрофите и знаењето како да се реагира кога ќе се случат, може да спаси многу животи!
РСМ, денес одбележува 78 години од почетокот на антифашистичкото востание.ДЗС им оддава почит на учесниците во вооруженото востание кои ги положија своите животи, а, на граѓаните на РСМ им го честита празникот со цел продолжување на слободарските традиции на македонскиот народ.
На ден 27.9.2019 година на покана од службата за обезбедување и противпожарна заштита на Окта АД Скопје ,претставници од Центарот за обука на ДЗС присуствуваа и спроведоа мониторинг на тестирањето на вработенит�� во службата на пожарникарите .
Од 25 -27.9.2019г.во Aџибадем Систина во организација и соработка помеѓу Центарот за обука на ДЗС и овластените лица се вршат обуки и подготовки на вработените за мерките за заштита и спасување
Вежбата ќе се одржи на 28.9.2019 во 10 часот во објектот на Клиничката болница.
На ден 25.9 .2019 година во Дирекција за заштита и спасување се одржа работен состанок и анали��а на учесниците на вежбата ЗАЕДНИЧКИ ОДГОВОР 2019 .Притоа е извршена и промоција на филмуваниот и фото- документираниот материјал од вежбата на подрачјето во и околу рафинерија Окта.
На 25.9.2019 во ОУ “Кочо Рацин", Центарот за обука на ДЗС, спроведе обука на 55 вработени во училиштето.Покрај основните теми од системот за заштита и спасување посебно беше разработена мерката за противпожарна заштита на објектот и мерката за евакуација на учениците и персоналот
На 15.9.2019г.(недела) во 12ч. од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување беше пронајдена експлодирана минофрлачка граната од Втората светска војна, во реонот на Дебар. Истата беше отстранета и пренесена во просториите на ПОЗС Тетово.
На 13.9.19 на вработените во ШПАРКАСЕ БАНКА, под мониторинг на Центарот за обука на ДЗС,беше спроведена симулациска вежба на тема:Евакуација на клиентите и вработените во случај на пожар.Во вежбата се покажа сериозен однос на вработените и примена на СОП при природни непогоди.
На 11-12.9.2019г. во хотел Радика –Маврово, се одржа Четвртата работна седница на Мрежата за заштита и отпорен полог на проектот – “Подобрување на отпорноста кон поплави во Полошкиот регион “ организиран од страна на УПНД.
Претставник на Дирекцијата за заштита и спасување во периодот од 1-6.9.2019 година, учествуваше на курс од Механизмот за цивилна заштита на Европската унија, кој се одржа во Инсбрук, Австрија. На курсот беа анализирани законските регулативи на Европската унија.
Во периодот од 12-14.9.2019, претставници на ДЗС, учествуваат на наменска обука и ТТХ вежба за тимовите планирани за учество на претстојната NICS теренска вежба во Р. Црна Гора - “NICS Montenegro 2019”
На 11.09.2019 во 10:45 ч. во Баир, Битолa покрај магистралниот пат Битола-Прилеп, при изведување градежни работи, пронајдена е артилериска граната 75 мм од Првата светска војна.Истата од пиротехничар од ПОЗС Битола е подигната и пренесена на безбедна локација.
На 15.8.2019, директорот на ДЗС, го посети ПОЗС Тетово, поради актуелната состојба со пожарите во Полошкиот регион, со цел преземање низа активности и делување согласно законот за заштита и спасување.На работната посета се разговараше и за опасноста од поплави во Полошкиот регион
Вработените во Дирекцијата за заштита и спасување, со 35-те Подрачни одделенија, од 15.07 до 15.08.2019г., ја спроведоа Кампањата за намалување на ризиците од пожари на отворен простор која беше поддржана од страна на ЕВН АД Скопје како општествено одговорна компанија.
На 14.8.2019г.(среда), Кампањата за намалување на ризиците од пожари беше на плоштадот во Скопје. Вработени од ДЗС, делеа едукативни прирачници кои бра подготвени за оваа намена. Со тоа се одбележа крајот на Кампањата за намалување на ризиците од пожари.