При престојот во Загреб положив цвеќе на спомен-плочата на Панко Брашнаров ,истакнат македонски револуционер и борец за слободна и независна Македонија.
Со почит и благодарност се потсетив на неговото дело и жртва. Македонија ја носиме во срцето, каде и да сме.
Со посетата на локалната канцеларија на Агенцијата за вработување во Битола ги заокруживме информативните денови за промоција на мерката од Оперативниот план за вработување 2026.
Последниот ден од увидот како течат активностите за аплицирање за мерката за самовработување во рамки на Оперативниот план за вработување за 2026 година го поминавме на терен во Прилеп.
Денес учествував на бизнис форумот „Претворање на одржливоста во конкурентност: градење отпорни бизниси во неизвесен свет“, во организација на Министерство за надворешна трговија, Стопанската комора и Канцеларијата на постојаниот координатор на ОН, во партнерство со Владата.
Во Центарот на АВРМ Берово заедно со заменик-министерот за економија и труд, Маријан Ристески, и заменик-директорката на Агенцијата за вработување, Весна Пешова, ги презентиравме мерките и програмите од Оперативниот план за вработување за 2026 година.
📍 Во текот на вчерашниот ден бевме на терен во Кочани, каде се информиравме како тече процесот на аплицирање за мерките од Оперативниот план за вработување за 2026 година.
Денес сме во Прилеп и Битола!
Доколку имате бизнис идеја, амбиција и желба да работите за себе, ве покануваме да ни се придружите на инфо-сесиите што ги одржуваме денес.
Дознајте повеќе за можностите за неповратна финансиска поддршка и како да започнете сопствен бизнис.
📍 Денеска во Центарот на АВРМ во Штип бевме на лице место за да го проследиме процесот на аплицирање по мерките и програмите за вработување од Оперативниот план за 2026 година.
📍 Во Центарот на АВРМ во Велес одржавме работен состанок посветен на информирање и презентација на новите можности и мерките за поддршка на вработувањето предвидени со Оперативниот план за 2026 година.
🚀 Дали размислувате да започнете сопствен бизнис?
Ако имате идеја, амбиција и желба да работите за себе, сега е вистинскиот момент да го направите првиот чекор.
Искористете ја можноста за неповратна финансиска поддршка и претворете ја вашата бизнис идеја во реалност.
🤝 Стратешко партнерство за посилни општини, повеќе можности за младите и примена на иновации!
Заедно со министерот за локална самоуправа, Златко Перински, договоривме низа заеднички активности насочени кон локалниот развој!
Денеска во ИНОВА се одржа работен состанок на заедничката работна група, во која членуваат претставници на ИНОВА и универзитетите: УКИМ Скопје, Југоисточна Европа, Св. Апостол Павле Охрид, Универзитетот во Тетово, Св. Климент Охридски Битола, Мајка Тереза и Гоце Делчев Штип
📍 Кавадарци – град што верува во знаењето, претприемништвото и новите можности.
Во општина Кавадарци ја продолживме промоцијата на Оперативниот план за активни мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година.
📍 Гевгелија – инвестиција во луѓето и нивниот потенцијал
Гевгелија беше уште една важна станица од промоцијата на Оперативниот план за активни мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година.
📍 Во Куманово имавме одлична можност непосредно да се сретнеме со граѓаните и потенцијалните претприемачи од овој град како и да ги претставиме мерките и програмите предвидени со Оперативниот план за 2026 година.
📍 Струмица – инвестиција во луѓето и нивниот потенцијал
Струмица беше уште една важна станица од промоцијата на Оперативниот план за активни мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година.
📍 Валандово – од идеја до можност
Денес во Валандово се сретнавме со граѓаните од Валандово и Дојран за да ги претставиме можностите што ги нуди Оперативниот план за активни мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година.
📍 Радовиш – отворен разговор за нови можности и развој
Во Радовиш продолживме со презентацијата на Оперативниот план за активни мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година.
🫱🏻🫲🏼 Време е за нов почеток!
Имате визија , мотивација и желба да бидете сам свој газда ? Тогаш овој повик е токму за вас 🙌🏻
💪🏻 Добијте неповратна финансиска поддршка за да започнете сопствен бизнис и направете го првиот чекор кон сигурна и независна иднина.
📍На информативните сесии со граѓани од општина Карпош и општина Центар, каде заедно со заменик-министерот за економија и труд Маријан Ристески, заменик-директорката на АВРМ Весна Пешова и пратеникот Тони Јаревски разговаравме за мерките и програмите од Оперативниот план.