Така и луѓето. Целиот живот се во пад кој евентуално ќе заврши во земја. Сјаен е падот, но без разлика каков и да бил човекот, на крајот е само догорен фитил и земја.
Ѕвездите кои паѓаат не се во суштина ѕвезди. Тие се метеори, мали камени парчиња кои се палат под дејство на атмосферата. Како што паѓаат кон Земјата се трошат и согоруваат како фитил за најпосле да удрат и се сместат во земјината кора.
Комуникација не е да си ги мерите зборовите со сантиметриска трака и после тоа да си реплицирате врз база на тоа чив е поголем. Тоа е политичка дебата и јас на тоа гасам телевизор.