Документите што ги обезбедивме од државниот Катастар откриваат дека „ГМ проперти“ го купила хотелот „Бристол“ за околу 1,9 милиони евра на 25 јули, а само три дена подоцна платила речиси иста сума и за „Јадран“, објект кој е под државна заштита: https://t.co/sXsD5dc1z9
„Македонија турист“, сопственик на хотелот „Јадран“, познат и како Арапска куќа, го понудил објектот за 1,9 милиони евра, а Управата за заштита на културното наследство, во име на државата, го известила дека нема да го купи https://t.co/kMqfaPjPUE
Речиси половина година подоцна од спектакуларните акции на заплени на марихуана во Србија и Македонија истрагите траат, а одлуки сè уште нема на повидок.
Но, и во двете земји, доколку не се поднесе обвинение, наскоро ќе истечат мерките за притвор: https://t.co/tWFa89aT7S
Покрај хотелот „Јадран“, мнозинството акционери во друштвото одлучија да го продадат и хотелот „Бристол“, уште едно скопско обележје, кое сè уште не е под заштита. За продажба се и познатата Пивница на плоштадот и трикатница спроти ЗОИЛ: https://t.co/O8ftMIGf0O
Детали за настанот не може да се дознаат ниту од јавните бази на податоци, бидејќи за прославата не е распишан јавен оглас, механизам преку кој вообичаено во вакви случаи се прибираат идеи и понуди согласно контурите што ги поставува администрацијата: https://t.co/wzY9PGvdyJ
„Покажуваме слаб колективен капацитет за важна тема со сопоставени аргументи како да се користи јавниот простор. Не успеваме да ја придвижиме комуникацијата кон корисна дебата за дефинирање на прилагодени норми и правила, кои би биле од јавен интерес“ https://t.co/h9LpJlalCu
Еден македонски државјанин, во две фирми во Македонија ги поврзува Србите осомничени за шверцот на 5 тони марихуана, во близина на Крушевац. БИРН истражуваше и одеше на терен, интервјуираше повеќе луѓе од бизнисот и конечно успеа да разговара со Крстев: https://t.co/KvxctjKose
Инспекторатот за животна средина утврдил дека „Макстил“ не раководи соодветно со отпадот од опасната филтерска прашина полна со цинк и други материјали објави Канал 5. За прашината БИРН откри дека со години се чува во искинати вреќи на отворено: https://t.co/kV8HuqYRNH
@SiljanStrkott@Prizma_BIRN Да, не само што експертот го вели тоа, туку и самиот Макстил и инспекторатот за животна средина го потврдуваат. Повелете прочитајте- https://t.co/oecK4h3BQY
“Стотици џамбо вреќи полни со опасна филтерска прашина од челичарницата „Макстил“ се оставени на отворен плац близу фабриката, во кругот на поранешната скопска Железарница.“
Прочитајте повеќе: https://t.co/kV8HuqZpDf
Околу 600 крави без надзор со години лутаат низ Крива Паланка и седум околни планински села.
Зад себе оставаат опустошени ниви и бавчи, а нивното присуство сè почесто е директна закана за безбедноста на жителите. Државата формално ги одзеде кравите...: https://t.co/h5O3UsmrpS
Oваа фотографија отвора поголема приказна за опрема, за селекција вредна милион и пол евра, која, наместо да го унапреди управувањето со отпадот, заврши, или на улиците каде што служи за собирање мешано ѓубре: https://t.co/jKXeaoLlcP
Во атмосфера на тивко затворање на институциите, Министерството за дигитална трансформација изготви нов и недоречен нацрт-закон за отворени податоци и повторна употреба на податоците од јавниот сектор, кој ги затвора податоците: https://t.co/STtTVFe16g
„Верски имоти под лупа“ за првпат открива дека МПЦ-ОА располага со над 14.000 имоти низ државава, а ИВЗ со над 5.300 имоти запишани во Катастар. Станбени, деловни, комерцијални објекти – а некои од нив вредат и повеќе од 2.500 евра, но за квадратен метар: https://t.co/kWlKq7N0RW
БИРН открива многу нелогичности и замижувања на надлежните органи, кога станува збор за најголемите верски заедници – МПЦ-ОА и ИВЗ. Ослободени се од фискална одговорност, не се бара финансиска транспарентност и уживаат толеранција од институциите: https://t.co/FUH32EtJjP
🔔БИРН ја објави новата база на податоци „Верски имоти под лупа“, која за првпат обезбедува увид во имотот на двете најголеми верски заедници во земјата МПЦ-ОА и ИВЗ онака како што овој имот е впишан во македонскиот катастар - https://t.co/8ZO4qaRMqJ
⌛ НАСКОРО...
Ќе можете да читате и истражувате на https://t.co/S3LiwUYJWy .
📌Го осветлуваме тоа што досега беше во сенка.
📌Ги проверуваме митовите.
📌Ги истражуваме релациите.
Следете нѐ ...