Денеска имавме работен ручек со претседателката на Република Индија, Драупади Мурму, во рамки на нејзината прва официјална посета.
Разговаравме за унапредување на билатералните односи, економската соработка, инвестициите и новите можности за партнерство меѓу 🇲🇰 и 🇮🇳
Денес присуствував на пуштање во употреба на детската градина „Кокиче“ во населено место Трубарево, Општина Гази Баба.
Секогаш кога пуштаме еден ваков објект во функција, јас сум посебно задоволен и среќен, бидејќи на овој начин ќе го подобриме квалитетот на живот на многумина, се разбира најмногу на најмладите, на дечињата. Впрочем, намената на ваквите објекти е токму за нив, да почнат да другаруваат уште од најрани години, да стекнуваат знаења, пријателства, да се формираат како личности.
Истовремено би сакал тука исто така да ги потенцирам квалитетот на живот на родителите, коишто сега имајќи ги овие објекти на располагање, ќе знаат дека нивните дечиња се во сигурни раце. Дека се во сигурни раце кај воспитувачите, кај оние коишто ќе се грижат за нивното образование и за нивниот живот и на тој начин ќе можат да се посветат на реализирање на своите професионални обврски и реализирање професионално како личности.
Вечерва не сме собрани овде само да одбележиме еден јубилеј. Не сме собрани само да прославиме 36 години од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ. Вечерва сме собрани да покажеме дека идејата која започна пред 36 години не само што опстана, туку денес е посилна од кога било. Таа идеја, тој наш сон отсекогаш бил и ќе остане. Вечерва сме собрани да покажеме дека нашата држава има повторно има енергија. Повторно има надеж, повторно има визија, повторно има народ кој верува во себе!
Мојата визија е да станеме држава на можности, а не на изговори. Држава во која институциите работат за граѓаните, правдата важи за сите, а успехот се мери според знаењето, трудот и резултатите. Реформите што ги спроведуваме не се цел сами по себе. Тие се алатка за да создадеме посилна економија, повисоки плати, подобро образование, поквалитетно здравство и модерна инфраструктура. Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци. Членови на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, неопределени... Премногу надеж има во очите на нашите деца за да се откажеме од иднината што ја заслужуваат.
Затоа вечерва не зборуваме само за политика. Вечерва зборуваме за судбината на нашата генерација. Зборуваме за тоа дали ќе бидеме поколението кое ќе се жали или поколението кое ќе создава. Дали ќе бидеме луѓето кои ќе бараат виновници или луѓето кои ќе градат решенија. Дали ќе бидеме сведоци на времето или творци на времето.
Нека се слушне силно од Струмица!
Од Беласица до Шар Планина! Од Охрид до Делчево! Од Гевгелија до Куманово!
Една татковина! Една заедничка иднина!
И нека запомнат сите:
Народот е буден. Народот е исправен. Народот е решен.
А кога сме обединети, нема пречка што не може да се совлада, нема врв што не може да се достигне и нема сон што не може да стане реалност.
36 години ВМРО-ДПМНЕ
36 години верба,истрајност и љубов кон Македонија.
Од историските предизвици до денешните успеси,остануваме столб на македонската државност,чувар на националните вредности и двигател на надежта за подобра иднина.
Да живее ВМРО-ДПМНЕ🇲🇰
Да живее Македонија🇲🇰
Денес остварив билатерална средба со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, на која беше потврдена традиционално блиската, пријателска и стратешка соработка меѓу двете држави.
На средбата беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи, кои се темелат на меѓусебна почит, доверба и искрено пријателство меѓу двата народа. Разговаравме за можностите за дополнително продлабочување на економската соработка, зголемување на трговската размена, нови инвестиции, како и за унапредување на соработката во областа на инфраструктурата, енергетиката, туризмот, образованието и одбраната.
Ја нагласив важноста на Турција како значаен економски и политички партнер, истакнувајќи дека Владата останува посветена на создавање поволна и предвидлива деловна клима за нови турски инвестиции и отворање нови работни места.
Претседателот Ердоган ја потврди поддршката на Турција за развојот и просперитетот на државата, како и подготвеноста за понатамошно зајакнување на билатералните односи во сите области од заемен интерес.
Во рамки на разговорите беа разменети мислења и за актуелните регионални и меѓународни предизвици, при што беше нагласена потребата од стабилност, соработка и економски развој на регионот.
Изразивме уверување дека односите меѓу двете пријателски држави ќе продолжат да се развиваат со уште посилна динамика во периодот што следува.
Денеска присуствував на поставување на камен-темелник за доградба на Основното општинско училиште „Димитар Беровски“ во населба Хром, Општина Ѓорче Петров.
Со реализацијата на овој значаен проект ќе се обезбедат осум нови училници и дополнителни просторни капацитети за околу 240 ученици, со што значително ќе се подобрат условите за одвивање на наставниот процес и ќе се унапреди образовната инфраструктура во општината.
Ваквите проекти само се додадена вредност во квалитетот на животот на граѓаните, пред сè на децата, бидејќи сето ова ние го работиме за нив. Да го оставиме за нив. Тие се тие коишто ќе го наследат сето ова коешто ние го работиме.
Присуствував на првиот состанок на Заедничкиот управувачки комитет за Рамката за соработка на Обединетите нации со Македонија 2026–2030, ко-претседаван од министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Муцунски, и Постојаниот координатор на ОН во Македонија, Рита Колумбиа
Светите Кирил и Методиј не оставија зад себе само букви. Тие му дадоа глас на еден народ, душа на еден јазик и надеж дека словото може да биде посилно од времето, премолчувањето и сите историски бури. Нека ни е честит Денот на светите браќа Кирил и Методиј симболот на просветата!
Работна сабота со Орце, Даме и Нело. Ги анализиравме тековните проекти и предизвици на град Скопје и ги дефиниравме приоритетите за периодот што следи.
Градот убав заслужува посветена работа, јасна визија и конкретни резултати за подобар живот на сите граѓани.
Министерството за финансии одзеде дозвола за работа на едно од поголемите финансиски друштва на пазарот, откако со вонреден надзор спроведен по пријава од граѓанин беа утврдени сериозни повреди на законски обврски.
Денеска извршивме увид на автопатот Охрид - Кичево, при што беше констатирано дека градежните активности се одвиваат со засилена динамика на повеќе позиции долж трасата.
Во изминатиот период се изградени 37 километри автопат, од кои 34 километри се веќе пуштени во сообраќај на делниците Пресека - Песочани и Требеништа - Охрид. Активно се работи на вијадукти, галерии, паралелни пристапни патишта, како и на поставување заштитни мрежи и еластична одбојна ограда. На терен во просек се ангажирани околу 950 работници и повеќе од 400 машини и механизација, со цел проектот да се реализира согласно предвидената динамика.
Дел од трасата е веќе пуштен во сообраќај, а на терен секојдневно се ангажирани голем број работници и механизација со цел проектот да се реализира согласно предвидената динамика.
Како Влада остануваме целосно посветени на реализацијата на овој стратешки инфраструктурен проект, со цел граѓаните да добијат безбеден, модерен и функционален автопат