Силјановска ја погази својата професија и помилува членови на наркокартели.
❗️Скандалозната одлука на претседателката Силјановска да помилува криминалци кои се дел од познати нарко групи покажува дека и новата власт има "долгови" кон криминалното ПОДЗЕМЈЕ! Токму Силјановска во предизборието го обвинуваше Пендаровски дека помилувал член на кланот Барон, за вчера да одекне веста дека претседателката помилува уште еден криминалец од оваа група која го тероризира Скопје.
⚠️Првиот филтер на листата на помилување го прави Комисијата за помилувања на Претседателот на Републиката, додека свое мислење дава и Министерството за правда, предводено од министерот ФИЛКОВ од ЗНАМ. Ова укажува дека влезот на ЗНАМ во власта не е мотивиран од никакви државотворни цели, туку од најниски криминигонени и клиентелистички побуди.
⛔️Помилуваниот Аќиф Равманоски, припадник на кланот „Барон“, како осуденик е осомничен за пукањето во Чаир пред само осум дена со припадник на друга мафијашка група. Силјановска му простува и на Шенол Маслани, кој пред 5 години беше уапсен во спектакуларна акција на МВР во која се споменуваа дрога, луксузни автомобили, напад врз полицаец и оружје. Маслани е брат на контроверзниот арачиновец Шенки „Версаче“ и братучед на нарко босот Беланоца. Освен овие криминалци, Силјановска ги помилуваше корумпираниот поранешен градоначалник на Битола, Владимир Талевски и Марјан Ефромов, првообвинет во аферата „Шпион“.
❌️За помилувањата за Денот на ВМРО целосно се изоставени уставобранителите, кои во предизборието беа злоупотребени за политички поени, а после изборите се игнорирани и заборавени. Потсетуваме дека МИЦКОСКИ на изборите настапи со главно ветување дека ќе го "ослободи" Скопје од групите кои го тероризираат. Како и другите ветувања кои ДПМНЕ ги погази, наркокартелите ќе продолжат да го тероризираат Скопје, со амин на Силјановска и Мицкоски.
Во Молдавија имаа референдум за влез во ЕУ.
60% од гласачите беа против.
Наеднаш падна нивната ДИК, и резултатите се 50-50, про-ЕУ опцијата води за 80 гласа.
Се надевам денес е јасно зошто бојкотот на референдумот во Македонија беше најпаметното нешто што сме го сториле.
Мециновиќ: Левица е единствена опозиција на расипничката владина политика.
Говорот на Амар Мециновиќ на вчерашната тензична седница за воведување ВТОР заменик-директор на Царинска управа:
„Законот за царинска управа е предложен со едно единствено објаснување на колегите предлагачи, дека 'вака се интервенира во поголема ефикасност во царината'. - За поголема ефикасност со трет директор колега Бојан Стојановски, најстрашното е што и ти не веруваш на овие работи.
Зборуваме за ефикасност воведувате три директори. За да си ги испопикате вашите функционери на директорски места! И вие на нас ќе ни продавате морални дилеми?! Вие ли ќе ми зборувате за трошење народни пари?! Јас овде имам право да правам филибастер, ама да не се правиме луди, ова е конкретно за третиот директор на ЗНАМ, за да се задоволи вашата коалиција!
Вие сте овде 58, има уште многу усти да се нахранат! Многу функции да се измислат! Пет нови министерства да се измислат, па на таа седница да се лаже дека ќе се намалат директорите и сега пак се воведуваат директори. Тоа е работата господине Горан Карапејовски, вие имате убава плата, сега треба уште некој од ЗНАМ да добие убава плата. А, ние, на секој ваш закон ќе го правиме ова!
Ако зборуваме за идеологија, вие сте либерали идеолошки, зголемувате државен апарат, тоа значи дека сте клиентелисти!
Левица прави доблесна работа. На расипничка влада треба да има активна опозиција, за разлика од еве навака нема друга опозиција, има Левица опозиција. Затоа што нема друга опозиција, енергијата ви е сконцентрирана на Левица. Левица правеле ова, Левица правеле она. Левица блокира втор заменик на царина, тоа е тоа, крај!“
#НеподмитливитеВоСобранието
#ЛевицаОдПарламент
Додека Грција го забрани Центарот за македонски јазик во Лерин, јаничарските пратеници на ДПМНЕ, ничем-изазвани, во македонското Собрание поднесуваат серија закони во кои зборовите "Република Македонија" се заменуваат со "Република СЕВЕРНА Македонија".
#ПовторноГордиСеверџани
Гаши го крши деловникот со опструкциите на Законот за бранители.
(Изјава на претседателот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев за предлог-Законот за бранителите)
,,Сметаме дека во случајот со законот за бранители спикерот Гаши го крши новиот Деловник. Тука има два моменти: политички и правен.
Правниот момент е тоа дека Гаши еклатантно го крши новиот Деловник и нашиот правен тим размислува да му пушти кривична пријава за несовесно вршење на службата, односно пречекорување на дискрециони овластувања. Затоа што ако внимателно и граматички го читате новиот Деловник, можноста да не ја свика комисијата е само на претседателот на матичното тело, но не и на спикерот. Кај него има Jus cogens обврзувачка норма дека тој е должен да свика, доколку овој во 24 часа не ја свика комисијата и тука нема што да се толкува. Значи тоа е правната одговорност.
Додека политичката одговорност според нас е кај ДПМНЕ, затоа што со ова се покажува зошто не треба партија со двајца пратеници да има спикер. Затоа што за секое вакво чкрипење, вие ќе треба да одите на "бакни рака" кај спикерот и тука политичката одговорност е кај овие 58 пратеници.
Впрочем затоа се донесе и новиот Деловник, за да нема одолговлекување на закони. Но, сега гледаме дека во дослух со спикерот, практично можете да филибастерингувате практично можете кој закон го сакате."
Мециновиќ: ЗНАМ го поддржа Гаши во газење на Уставот!
Поддршката за Африм Гаши е затоа што вие заемно се поддржувате со години. Таа политичка соработка е опортуна и вие сакате таа политичка соработка да продолжи! Таа е простата логика.
https://t.co/BZv1kv2lvJ