Денеска присуствував на пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“ во Општина Тетово.
Како Влада ќе продолжиме да поддржуваме ваков тип на проекти и ќе сториме сè што е во нашата моќ ваков тип на проекти да бидат наше секојдневие.
За многу кратко време, ова е второ средно училиште во Тетово коешто е реконструирано и реновирано. Заедно со Општина Тетово, градиме уште две нови средни училишта овде во Општина Тетово.
Благодарност и до градоначалникот и до мнозинството во Советот, којшто ја поддржува работата на градоначалникот, до администрацијата, до Министерството, до колегите во Владата.
Денеска присуствував на почеток на изградба на дел од собирни улици „Никола Карев“ и дел од градската магистрална улица „Новопланирана 1“ во Општина Кочани.
Потоа, извршивме увид во градежни работи на мост на Кочанска Река за поврзување на улица „Лазар Андонов“ со улица „Вера Которка“, како и увид во градежни работи при изградба на дел од потисен цевковод од јазол до изливен базен на препумпна станица од водоводниот систем.
Се заблагодарувам на градоначалникот, на потпретседателот на Влада и министер за транспорт, на пратениците, на сите жители на Општина Кочани коишто даваат поддршка на реализирање на вакви проекти, а ние како Влада ќе продолжиме да даваме приоритет на Кочани и на општините бидејќи не можеме да го повратиме она што е загубено, но барем да се обидеме дел од таа енергија да ја повратиме за да можат луѓето да се вклучат во нормалните текови на живот.
Еден народ, една нација треба да е мудра и трпелива, да не носи избрзани одлуки, ниту пак одлуки под притисок. Затоа за еден народ и една нација, нема поголемо зло од корумпирани таканаречени лидери на таа нација, мекотели, луѓе коишто се мекото ткиво на нацијата и коишто, за жал, се изнагледавме во минатите години и децении на македонската политичка сцена.
И тие се тие коишто не доведоа до оваа ситуација во којашто денеска се наоѓаме, наместо да преговараме за вредности, за владеење на правото и за некои други стандарди, ние денеска преговараме за билатерални прашања коишто не водат никаде.
Овој народ ја бранел вратата на Европа со векови, верувал во тие европски вредности и ќе продолжи така за да може денеска Европа да биде тоа што е. Јас сум убеден дека и во годините коишто следат и по мене, и по тие по мене ќе имаме луѓе и водачи на оваа нација, народ и држава коишто ќе бидат свесни за своето минато вековно и ќе знаат тоа вистински да го вреднуваат и ценат. И местото на овој народ и оваа држава е во Европа.
Денес е значаен момент за нашата држава. Со формирањето на Советот за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво, ја потврдуваме нашата јасна и силна определба Македонија да се позиционира како земја на знаење, наука, истражување, иновации и модерна, конкурентна економија.
Како Влада преземаме целосна одговорност да ја водиме оваа трансформација. Овој Совет не е само формалност, тој е инструмент на стратешка промена. Тој е механизам преку кој науката, истражувањето и дигитализацијата ќе станат двигатели на економскиот раст.
На оваа прва седница го усвојуваме клучниот документ за следните четири години – Четиригодишната програма за поттикнување на иновациите, научно-технолошкиот развој и претприемништвото. Оваа програма не е само административен акт. Таа е визија за развој заснован на наука, истражување и дигитализација. Таа создава рамка за поддршка – од првата идеја, преку истражувачки развој и пилотирање, до целосна комерцијализација.
Како претседател на Владата, силно верувам дека заедно ќе изградиме посилна, поиновативна и поразвиена држава, држава што создава можности за сегашните и идните генерации.
Еден од сопствениците на CBD Medplant е Тони Котев, поранешен претседател на огранокот на СДСМ во Ново Село и има многу бизнис релации со Вице Заев.
Од таа фирма се извезени 12 тони марихуана!
Update 🚨
Ова е ИДЕНТИТЕТОТ на ЖРТВАТА [го заштитивме] ⚠️
Постов на ФБ е напишан од жртвата и Е ИЗБРИШАН заради ЗАКАНИ од Амар и Апасиев!
Очекувам #ЈО и @mvr_javnost да ПОСТАПАТ 💣🚔⌛️
Денеска остварив средба со претседателот на Владата на Унгарија, @PM_ViktorOrban.
Нашиот разговор беше фокусиран на одличната билатерална соработка помеѓу Македонија и Унгарија, како и на можностите за нејзино натамошно продлабочување. Унгарија е наш искрен пријател, силен поддржувач на македонската европска интеграција и важен стратешки партнер.
Во разговорот нагласив дека Македонија останува цврсто посветена на својот европски пат, на остварувањето на европската перспектива и на зачувувањето на стабилноста во регионот.
Изразив благодарност за постојаната поддршка од страна на Унгарија со уверување дека стратешкото партнерство ќе продолжи да се развива со уште поголема динамика.
Денеска имавме средба со Ника Гилаури, поранешен премиер на Грузија. Човек кој, во време на глобална економска криза, успеа да ја стабилизира економијата на Грузија, да го намали јавниот долг како процент од БДП и да го забрза економскиот раст. За време на неговото владеење ја искорени корупцијата во енергетскиот и финансискиот сектор, воведе едноставен и праведен даночен систем и ја позиционираше Грузија меѓу 10-те најдобри земји во светот за водење бизнис според Светска банка.
Сега, Ника Гилаури е дел од Самит 2025 во организација на „Македонија 2025“, иницијатива за споделување искуства и практики што носат реални промени. Ги сподели своите искуства, практични совети и инспиративна приказна, како реформите ако се прават со волја и чесност, навистина можат да донесат резултати.
Впечатоците се силни, инспирацијата е голема, а мотивацијата уште поголема. Време е да учиме од најдобрите, не за да копираме, туку за да изградиме наше, македонско, подобро утре.