Има луѓе што ги гледаш еднаш во годината и кога ќе те видат прво нешто што прават ти потенцираат некоја негативна работа. Пр. еј си се здебелила, иначе како си, со работа уште си ваму? Па погоди што славице? И ти си уште глупа ко сајла ама хеј, имај убав ден, се гледаме во 2020.
Не сфаќам зашо некој би сакал во својот живот личност што као демек ти е другар/ка, а не знае ни да се израдува за тебе за една една убава работа што ќе ти се случи
Ах мамички што не престануваат да зборат за децата... Не ја ни прашуваш, сама ти покажува слики кога се родиле, здравствен картон, па случки ти раскажува... и тоа до бескрајот и цик цак назад