@2DartSide Работам една позиција, зимам 42 000 плата и тоа таа плата 2 години и само една смена, давам отказ си одам од државата, после 3 години се враќам со повеќе искуство во истата фирма, ми нудат 36 000 плата 🤣. И после младите се враќале назад 🥳.
@maco_queen Тој се убаво објасни што ке се случи, ама мислам дека и изборите ги наместија да изгуби.
Тоа е што е, сега мора да се надеваме на некои понови и попаметни генерации.
@karajovmice@inkedhorizonX Кажуваш дека детето си го сакаш и не го вакцинираш поради страв од вакцините а во меѓувреме го ставаш напред не врзано и го осудуваш на смрт доколку дојде и до помал судар.
За мене некако тука нема логика 😐.
@maco_queen Луѓето не разбираат дека тие што живееле или живеат надвор од државата се уште повеќе лути, гневни и разочарани затоа што виделе како треба и дека се може, и дека таква е секоја власт во Македонија што секој пат е се полошо.Сите сакаат назад, но не вака.
@maco_queen Е тоа е зезната работа, јас после скоро 3 години се враќам во Македонија комплетно, и еве се осеќам малку како да губам еден дом 🙁.
Ама животот е таков и еден е 😊.
@marjanmitrovsk3 Не се ни кријат веќе, гајле им е, битно си лапаат парички, и така оваа држава е умрено нешто. Индустрија нема, земјоделие нема, деца полека полека се помалку, ги направија неписмени тие што се тука, и сега само лапај си парички и уживај си.
@kl2nm9@Rogue27MK Ова треба со големи букви на секој ќош низ градот да се испише. Тоа што го пиша е вистината. Се додека не се сотрат тие луѓе нема ништо од државата да биде.
@OrceTatkoSkopje Убаво е да се слави, ама можеше да се помине скромно и да се изнесат или овие материјали дека се купени, или пожарникарски возила, или брза помош возила. Ама овој народ попрво би изел и испил се денес а за после нека ја мислат другите.
@igor46q@24chasamk Затоа што веќе неколку деца загинаа таму, ама се додека некој не биде ставен како пример и казни по 5000 евра за вакви работи и брзо возење ништо не бива од нас.
Плус една пијаница го удри и татко ми со кола и избега лингурот од местото.
@thunderstrack9@jassumbe Со обвинување на други нема нашите деца да станат повеќе школувани, штом системот потфрла мора ние самите да ги дообразуваме.
Ако сега попуштиме, во иднина нивниот живот ке е многу тежок.