Денеска присуствував на пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“ во Општина Тетово.
Како Влада ќе продолжиме да поддржуваме ваков тип на проекти и ќе сториме сè што е во нашата моќ ваков тип на проекти да бидат наше секојдневие.
За многу кратко време, ова е второ средно училиште во Тетово коешто е реконструирано и реновирано. Заедно со Општина Тетово, градиме уште две нови средни училишта овде во Општина Тетово.
Благодарност и до градоначалникот и до мнозинството во Советот, којшто ја поддржува работата на градоначалникот, до администрацијата, до Министерството, до колегите во Владата.
На вчерашниот пладневен панел посветен на економија и инвестиции во Давос зборував за стратешките чекори што ги преземаме како држава во однос на вештачката интелигенција, енергетиката и долгорочниот развој на државата.
Во однос на вештачката интелигенција, ги зајакнуваме нашите преносни линии за електрична енергија, но не само тоа паралелно ги зајакнуваме и преносните линии за природен гас.
Во тој контекст, градиме гасен интерконектор со Грција, а започнуваме и со изградба на гасен интерконектор што ќе ја поврзе државата со Србија. Ова се стратешки проекти од суштинско значење не само за нашата држава, туку и за целиот регион.
Покрај тоа, зборував и за изградба на три големи брани, кои ќе создадат три значајни резервоари со чиста вода за пиење. Имајќи ги предвид климатските промени, регионот ќе има сè поголема потреба од вакви резерви, кои ќе обезбедат долгорочна водна безбедност и стабилно снабдување со чиста вода.
ПРОЕКТ: Реконструкција на булевар Теодосија Паунов во Општина Кочани.
Инвестиција од 88.874.397 денари, финансирана од Владата преку Министерството за транспорт.
Реконструкцијата ќе придонесе за економски развој на локалната заедница.
Проекти за трајна промена – темели за сигурна иднина.
Горан Спасов бил испровоциран и прозван од лицето Александар Митовски – Мечка во емисија на Инфомакс со зборовите: „Ако си маж, дојди, не се заканувај лингур еден“.
Бидејќи неговата мајка додека работела во градинка „Мајски цвет“, била малтретирана од Стевче Јакимовски.