КРИТИЧНА МАСА е една од најубавите, најискрените и најнеизвалканите граѓански иницијативи што се појавиле кај нас од осамостојувањето наваму. Многу се радувам дека е повторно активна. Со причина. А и време беше. ❤️🚲
На сите диџеј сетови, освен ако не се у друг град, идам @NaTochak. Синоќа ми се деси пријатна непријатност: бајк паркингот пред Цреша беше пун, аnd I think it's beautiful. Оваа песна им ја посветувам на сите што искачаат у град со точак. Прекрасни сте! ❤️
https://t.co/UDUxjSJYN6
Се гледаме во среда на Критична Маса #91 - Ало 091, критично е!
Спремете ги точаците и пораките, поканете ги пријателите.
#НаТочак
https://t.co/zi8THpiNGL
@cavala_grelhada@CityofSkopje Пријавете до Општина Аеродром и Град Скопје. Слободно посочете им извадоци од овој линк: https://t.co/qQkBg9Yb1D
Споделете ни слики и податоци, можеме и ние да споделиме.
Слеаните рабници не треба да ги има само кај велопатеки, туку на СЕКОЈ спој: тротоар - пешачки премин.
Дали ќе ја толерираме ДИСКРИМИНАЦИЈАТА на цела група население со попреченост само зашто некој е навикнат поинаку да го поставува рабникот?
https://t.co/NrZg8YCoJi
#пристапност
Што се случува на тема #пристапност на ул. „Бледски Договор“ последниов месец и половина, накратко во 4 слики.
А на подолго на нашиот ФБ профил и блог.
Имавме писмени реакции и посети на терен.
Очекуваме сите пристапи кон пешачки премини да се изведат како што треба!
#НаТочак
Што вели регулативата?
➡️РАМПИ на СЕКОЈ пешачки премин
➡️БЕЗ ВЕРТИКАЛНА ДЕНИВЕЛАЦИЈА до нивото на коловозот и во широчина на цел пешачки премин
➡️Најголемиот наклон на рампата треба да биде 8,33% или во однос 1:12
https://t.co/qQkBg9Yb1D
Како не треба VS. Како треба
#пристапност
ЕСЕНИНОВА - УШТЕ ЕДНА ПРОПУШТЕНА ШАНСА ЗА ГРАДОТ
- предимензионирани автомобилски ленти - автодром - субстандардни димензии на тротоари
- отсуство на вело-решение иако било можно според ГУП
- непристапни рабници
- топлотно острово
Повеќе: https://t.co/e28tOvutkW
#НаТочак
За останатите позитивни примери и наградени општини (Илинден, Гази Баба, Петровец, Аеродром), како и за тоа каде треба најмногу да работат за да станат вело-пријателски општини, прочитајте тука: https://t.co/JoROZIbgOy
#НаТочак#ВелоОпштина#НајВелоОпштина#НајВелоОпштина2023
Честитки за Општина Центар - Скопје - Највело општина во Скопскиот плански регион за 2023!
Што ѝ ја донесе оваа титула на Општина Центар?
Прочитајте тука: https://t.co/hzDriN5cO4
#НаТочак#ВелоОпштина#НајВелоОпштина#НајВелоОпштина2023
Скопје нема ефикасен, брз и економичен јавен транспорт. Резултатот од тоа е ова. Во отсуство на системска одговорност, споделете превоз со автомобил со колегите, не возете се сами. Или уште подобро, заменете го автомобилот со велосипед.
https://t.co/ac8fgaBrWD
Драги градоначалници,
Сакате да го зголемите капацитетот за паркирање, да го зголемите бројот на паркинг места?
Па тоа е лесно 🙂
Примерот е од Амстердам, од @fietsprofessor.
#ВелоПаркинг
За жал, инсталацијата била времена, а ќе било добро да стои подолго и да потсеќа дека Кисела Вода е една од најлошите општини за возење #НаТочак во Скопје. И поради тоа мора во сите следни проекти во оваа општина да се посвети двојно повеќе внимание на пешаците и точаците. 2/2
Го видовте ли Точко Точковски во Кисела Вода?
Скулптура на велосипедист кој е приморан да го крене точакот „во вис“ поради хаосот во Кисела Вода. Изработена од скулпторот Андреј Миневски и поставена од младите од МОФ. 1/2 https://t.co/AQOf9jRXES
#НаТочак