Министре Меџити ги поддржуваме најавите за поостри мерки за пушењето! Но прашањето беше за загадувањето на воздухот.
Под ваша надлежност се 7 големи болници по нашите градови кои секоја зима за да се загреат трошат околу 1520 тони мазут!
☠️Над 5 милиони луѓе во светот убива годишно загадувањето на воздухот од фосилни горива! Меѓу нив и наши сограѓани.
⚠Македонија има стотици јавни институции кои трошат баш такви горива, илјадници литри нафта и мазут за греење секоја зима. https://t.co/VCnlcpMWMX
Има ли дно? Судиите и обвинителите со интегиртет треба гласно да застанат против овој атак на правната држава. Молчаливи, во сенката на корумпираните сите сме исти. Истапете и застанате против. Како поинаку очекуваме подобар свет за себе и нашите сограѓани.
🔨 Наголемо е почната сезоната за реновирање. 🛻ЈП „Комунална хигиена“ има опција за подигнување на шутот и кабастиот отпад и негово транспортирање до легална депонија. https://t.co/QSmRFiwz9c
ℹ Ти треба општински службеник, инспектор, некој од секторот за образование или спорт, некој одговорен за дрворедот пред зграда или за хигиената во маалото или кој било друг од скоро 140-те службеници од Општина Центар? Како ги наоѓаш? https://t.co/9Y8w13LzAu
Справувањето со дивоградбите во Охрид е дел од „итните препораки“ од УНЕСКО. Хотелот во плажата во Лагадин е спомнат како објект кој мора да се отстрани. Но, Комисија на Мин. за транспорт го поништила решението на градоначалникот за стопирање на градбата https://t.co/7Mb7F4xy77
❗Форсирањето да се основа трговско претпријатие за струја без економска анализа, предвидување на ресурси, кадар, пари и ризици во бизнисот со струјата за нас е НЕСЕРИОЗНО. Mоже да доведe до уште еден општински загубар кој само ќе вдоми партиски кадар https://t.co/tKm4vzXUL8
„ Не најдовме и не ги научивме лекциите дека сите заедно треба да градиме подобар град. Сведоци сме на насилно заземање на нешто што некој мисли дека го добил со исцртување на некои урбанистички линии“. Погледнете го разговорот со советничката Дивна Пенчиќ https://t.co/iDcpLKiwF3
За она што го пишуваме за „Треска“ потврда и од архитект Миодраг Радоњиќ – Бато, претседател на стручната комисија која ги оценуваше трудовите добиени на конкурсот. Прочитајте ги неговите аргументи: https://t.co/qxmKTmvlDg
Едно е да се тврди дека „ЌЕ СЕ БАРА“, а друго е тоа да се внесе во плановите и да биде ОБВРСКА да се изгради. Општината не е таа која треба да „бара“ нешто на земјиште кое самата го поседува. https://t.co/PpsxIFKNj3
Се отплеткуваат дозволите за градба, но само ако постојат упорни граѓани кои бараат правда со адвокати, а не со институции. Институциите си тераат своја политика на издавање на градежни дозволи која не е во интерес на заедницата: https://t.co/75VUomim55
❗Градоначалникот Герасимовски го користи покачувањето на платите во ПОЦ за дискредитацијата на советниците на Шанса за Центар и дефокусирање од „багателните„ парцели во Центар❗https://t.co/5eUZKnEEST
Одговорот на Гир ми наликува на коментарите на родителите за своите и туѓите деца. Знаете она, “туѓите деца се дрски и невоспитани бараби, а нашите се само живи и темпераментни”.
Градоначалникот Герасимовски не сака да ги презентира архитектонските решенија од конкурсот за Треска. Вели дека мора да се почитува интересот на сопствениците на земјиштето кај Треска кое било приватно. А тоа не е точно!
https://t.co/OofCZwFfx2
Без политичка воља за храбри одлуки и заштита на јавното добро и јавниот интерес ни нема спас. Засега во Општина Центар таа политика не ја препознаваме! https://t.co/BowIOPskvV
Да можеа луѓето да летаат немаше да имаат проблем да се движат во целата четврт помеѓу седиштето на Министерството за внатрешни работи и Клиничкиот центар. За жал, жителите немаат таква способност па мора да се пробиваат меѓу паркираните возила https://t.co/jQ2r0EeLfg
Центар има нов Штаб за заштита и спасување, а началникот е од Шанса за Центар. 2 недели по изборот ниту штабот, ниту советниците ги немаат достапни Планот за заштита и спасување и Проценката на ризици... https://t.co/FJjDUWBi2D
На продолжението на четвртата седница на Советот на Општина Центар се дискутираше за
📌 предлог за референдум за просторот спроти Холидеј Ин;
📌Технички исправки за планови за Водно и за Буњаковец;
📌Состави на Надзорен и Управен одбор на ПОЦ. https://t.co/vsLf4yqstQ