Со големо задоволство ви најавуваме дека нашите сочни и ароматични сертифицирани органски јаболкa се достапни за нарачка!
Одгледани со најголема грижа и во согласност со најстрогите органски стандарди, токму онака како што очекувате од нас.
За нарачки ве очекуваме во порака 🍎
@AntonioGlishko@nebojsa6 Пробавме да прочитаме, нема ни цена, ни инфо дека се органски.
Како било... од тоа online што се гледа во Лидл Апатин, немаат органски јаболка, имаат класични јаболка по цена од ~74 денари моментално 53 на попуст. Па затоа рековме да прашаме 🙃
@sasetentov1 И кога ќе ја истакнеме цената, и кога нема да ја истакнеме, пак има коментари за цена 😄
Кој е навистина заинтересиран да купи, ни пишува. Остваруваме контакт, објаснуваме сѐ итн...
@100deutschemark 😅😅😅
По пат нема органски, ако веќе ризикуваш со четири жмигавци, сврти накај нас да касниш нешто здраво :)
А за плаќање, како беше онаа старата, невиден арамија поголем од кадија.
@sasetentov1 И кога ќе ја истакнеме цената, и кога нема да ја истакнеме, пак има коментари за цена 😄
Кој е навистина заинтересиран да купи, ни пишува. Остваруваме контакт, објаснуваме сѐ итн...
@dilandog1021 Некако ни прелета твојот твит, извини за закаснатиот одговор. Во моментов имаме преостанато само од сортата Ајдаред.
Околу цена и начин на достава слободно пиши ни во ДM.
Што сѐ немаме пробано... Секоја година си е приказна сама за себе, нема едно магично решение мора мултидисциплинарен пристап.
И секако мора постојано пратење на ситуацијата и навремено реагирање.
Вопшто не помага тоа што сме мал пазар, па на увозниците не им се исплаќа за мали количини на препарати.
Дополнително и бирократијата е голем проблем. Ете конкретно за феромоните, увозниците имаат проблем со дозволите од министерството за земјоделие, па ги нема.
@ribanka@narodencoek You know nothing, Рибанка 😀
Сертификат може да добие секој регистриран земјоделец, секако доколку ги исполнува критериумите за органско производство.
Нашиот сертификат секогаш го прикажуваме на ваше барање, при самата достава.
За вкусот.. кој пробал, знае🍎
Здраво бато Жиле,
Фала ти, ретко кој вака културно ни пристапува на твитеров 😊❤️
Користиме бакарни и сулфурни средства, дозволени за органско производство.
Како што запримете и сам, лисјата се во многу лоша состојба заради наезда на вошка, а на голем дел од родот има фузикладиум и црвчиња.
Бербата е играчка работа... Многу голем дел заминува во индустрија останатото што е здраво и пристојно на изглед се обидуваме да го продадеме вака.
Така да кога рековме дека јаболката се "20 пати сликани", не бевме далеку од вистината 😄
https://t.co/Us4oIKJNIV
Од конвенционално се префрливме на органско пред 10 години, исклучително е тешко и се бориме со сите сили.
Не се откажуваме, оваа земја ни е наследство од нашите предци работена со генерации, а и цврсто веруваме дека иднината на Преспа е органска.
Мора да биде! 💪😄
@WhatDoesThisBDo Не се 20 пати прскани туку 20 пати сликани 📸🍎
Шала на страна, не се ни приближно толку прскани, а тоа што е прскано се ѐ природна и органски сертифицирана прихрана.
Нарачај и пробај, ќе се увериш сам по вкусот.
@ajakoska@narodencoek Не сме фирма.
Како земјоделци, приходите што ги имаме од ова не се ни приближно толку високи за да не стават во категоријата на ДДВ обврзници.
Можеби некој ден, кога нашиот труд би бил вреднуван, наместо потценуван ќе влеземе во таа категорија, и тогаш секако ќе даваме фискални.
@ajakoska@narodencoek Цената е иста за сите...
Ако може да ни кажеш на која основа го донесе овој заклучок баш за нас (бидејќи пишуваш под наш пост)?
Кој ни пишал во ДМ знае, можеби и ти ако некогаш стапеше во контакт со нас ќе дознаеше дека работиме чесно и поштено.
Така е, за жал тоа е реалноста во Преспа...
Не би сакале да коментираме за конвенционалниот начин на одгледување... Тоа што можеме да кажеме е дека нашите јаболка се 100% органски.
Да не се разбереме погрешно, органско не значи дека дрвото го прскаме со крстена вода 😅 Значи дека наместо агресивни синтетички пестициди користиме само одобрени, природно базирани средства и биолошка заштита, под постојана контрола.
Споредено со класичното, органското одгледување не е воопшто економски исплатливо, барем не во нашата држава... Искрено ова го правиме со многу љубов и бара многу нерви, ама барем знаеме дека не продаваме нешто што не би му го дале на сопствените деца.