Пошто вчера се куртули денот без “жртви”, еве гледам дека денес сите се на терен, да проверат зошто не функционираше инфраструктурата. Ќе си цркнеме од тоа што секогаш сме изненадени од нешто.
Мртви ладни си ја голтаме приказната за реконструкција на Владата според партиска припадност, без во ниеден момент да се спомене стручноста на “кадрите”. И така со години. Резултатот е распадната држава. Ако ја водат неписмени и нестручни каква држава очекувате?
Не знам зошто Славески воопшто вака го формулира проблемот. Вториот столб не е креиран за да го замени првиот. Ако беше така сите продонеси ќе одеа во тој столб, а не само една третина. Личи како да се подготвува терен за да се оправда конфискација на парите од вториот столб.
@narodencoek Средствата од 2. пензиски столб кои се под управување во приватните пензиски друштва - (Сава, КБ Прво и Триглав) се чуваат до истекот на законски пропишаниот рок за заминување во пензија, или според вашжечкиот закон, (64 години старост за маж и 62 години старост за жена).
30 години фотелја. 30 години „бизнис клима“. 0 реформи.
Бранко Азески е жив споменик на статус-квото. Додека тој аминјува со секоја власт, македонските фирми тонат, а Брисел ни ја треска вратата.
ЕУ не ја кочат само ветата. Ја кочат и вечните претседатели. 😉