„Брига Париз шта ће село рећи.“
Мојата најомилена изрека од северниот сосед. И веројатно една од најпаметните животни лекции спакувани во само неколку зборови.
Секое полетување/слетување од/на македонски аеродром ме потсетува дека евтините летови не се цивилизациско достигнување сами по себе.
Можеш до Париз за 30€, а сепак да не научиш како се стои во ред. Како се однесува во авион и како се излегува од него. Домашно воспитување 0.
Не знаев дека во Тирана има толку многу јасмини.
Синоќа, после дождот, целиот град мирисаше на расцутена пролет.
Онака тивко, како во стар медитерански филм во кој ништо спектакуларно не се случува…
а сепак не сакаш да заврши сцената.