Вработен со 60.000 плата годишно и дава 7300 евра на државата?
Не друже. Дава многу повеќе...
Прво ти земаат од бруто за воопшто да стигнеш до тие 60.000. Персонален. Придонеси. Пензија. Здравство.
После со тие веќе еднаш оданочени пари пак ти земаат ДДВ на секое кафе, секој ручек, секој маркет, секој лек, секое гориво, секој сервис, секој мебел, секој стан, секоја кола.
И тука луѓето грешат. Мислат тука завршува.
Не. Тука само почнува.
Истите пари можат да бидат оданочени 7 пати и повеќе.
Ги заработуваш
→ персонален данок + придонеси
Ги трошиш
→ ДДВ
Купуваш гориво
→ акциза + ДДВ
Купуваш стан
→ данок на промет, нотари, такси
Го поседуваш станот
→ годишен данок на имот
Го издаваш
→ пак персонален данок на кирија
Го продаваш со добивка
→ пак данок
Го оставаш на деца
→ пак такси, оставина, пренос
И најбитното што многумина не го сфаќаат:
не е само ти што си оданочен. Цел ланец е.
Со твоја плата купуваш леб.
На лебот плаќаш ДДВ.
Пекарот ги зема тие исти пари и од нив плаќа струја, кирија, плати, придонеси, данок на добивка.
После пекарот со истите тие пари оди во месара и купува месо.
Пак ДДВ.
Месарот со тие исти пари плаќа работници, ладилници, гориво, даноци.
После месарот плаќа фармер.
Фармерот со тие исти пари купува сточна храна, трактор, резервни делови, нафта.
Пак акциза. Пак ДДВ.
Еден ист денар врти круг низ економија и државата стои на секоја врата со рака испружена.
Буквално истиот физички денар може бесконечно многу пати да биде оданочен секогаш кога менува раце или создава нова вредност.
Тоа е целата финта.
Државата не е дизајнирана да ти земе еднаш.
Дизајнирана е да ти зема секогаш кога ќе мрднеш со тие пари.
Затоа не е прашање колку плаќаш еднаш.
Прашањето е колку пати плаќаш за истиот денар.
И затоа од 100 денари што си ги заработил на крај можеби 10-15 денари остануваат реална чиста куповна моќ.
Се друго по пат се рони.
И после некој ќе ти каже
плати данок, тоа е само 10%.
Само 10% е само првата наплатна рампа
Убава си Македонијо
Премногу си убава
Но твоите кодоши и шпиуни со соработка со твоите непријатели сакаат да те уништат ама ние сме тука да те заштитиме