Зошто дијаспора воошто да гласа? Зошто некој отиден во Австралија во 1964-та и неговите деца и внуци што не стапнале во Македонија, да гласаат за нас тука? Па и тие што не се тука последните 3 години, нека дојдат нека гласаат, зошто да гласаат од Швајцарија, па и електронски уште
Дали до парите за сиите вработени на патарини за 12 месеци, може да се купат м-тагови за сите коли во Македонија?
И после да не се плаќаат плати на иљадници паразити, контролори на смени, шефови, директори и слично неработници?
На 7 место сме во светот по процент на планини во релјефот (83%) а колку што знам немаме ниеден планинарски дом со основни услови за престој (греење, тоалети, струја, вода и храна).
Жалосно е каков потенцијал пропаѓа и како никој не се ни труди да направи нешто на темава.
Да не исчистиш железничка станица во Центарот на градот со децении е поразително - катастрофа!!!
Вакво чистење ко деновиве треба да се прави најмалку на 6 месеци
Пред точно 9 години некој украл од ФЗОМ 3 милиона евра.
Никогаш не се најде кој ги украл, никогаш не се најдоа 3-те милиона евра и никој во цела вукојебина ова не го спомиња освен јас, а јас ќе го спомињам додека постои интернет и после мојата смрт.
Рајанер е најголемиот европски авиопревозник - со 650 авиони лета во 42 држави на 235 дестинации, во просек со 3.500 летови дневно и има над 200 милиони патници годишно. Лета во сите европски држави, освен во МК. Значи, Рајанер за сите чини, само за министерот Николоски не чини.