Охрид, тренутно стање под прозорот на Нискоградба односно меаната Нискоградба, денес петок сите се веќе дома заминати 2 сати пред истекот на работно време, битно ја чувет околинава чиста. Срам да ви е!
И тоа го дочекав...... Охриѓани а и Македонците дознале на 1 Мај 2026 година дека езерото викано Охридско Езеро кое им е пред очи секој ден, а не го гледаат, било број 1 езеро. Требало да објавит некој од надвор, за да се присетат што имале предочи. Ако ти 15 години им го фоткаш и ти јадат гомна на сликите дека се фотошоп (пред очи црвениот залез), тотално потценување дека не си во сектата на изгубените, една слика немет купено од поштовање, ааа да скап е (немат цена прашано, 1000 работи гратис напраени), зш за сите видеа и фотки шо ги правиш и промовираш не им бараш денар, е де, две имет украдено за бизнисот од илјадници евра да им врви, да докопат уште 5 стана де.
Јаки времина, браво, се извинувам де, Жални времина, опколени со депониии и ниско интелегетно општество играно и контролирано од мал дел за лични интереси за жал, а за Бизнис климата... само Клими Безпари, мулти сплит, друго тешко.
(секоја чест на исклучоци секако, да не се навредиме)
После ми се повраќало... кога 15 години буквално ја гледам убавината и потенцијалот на Охридското Езеро, го овековечувам секој момент што можам, на своја желба без копирање и слично, во светот му се радват итн и цело време тоа население околу него на погрешна страна, на погрешни патишта....
Страшни времина за ваков капацитет.
ОХРИД е во финале ракомет, EHF, радост што ете успеавме до финале да стигниме, ама сега да ја прашам општинава па и државава, видете је салата бре Биљанини извори, бруки, цела европа ни ја гледа бедата. Срамој живи.
Војаџер 1 после 50 години по напуштањето на Земјата одалечувајки се од неа со огромна брзина, ќе биде одалечен точно 1 светлосна година, односно околи 25 милијарди километри, со тоа теоретски би ја ведел земјата вчера!
Колку е фасцинантно тоа?
"Утре ќе види како беше вчера"
Земјотрес не разбуди Охриѓани, страшен брз удар со тонење надолу и бучава, 3.9 рихтер лескоец/косел епицентар. Одамна немало удат ваков. Ај прилегнетеми св. Климент ќе не чуват.😘😀