Знаеш.. се' уште те сакам!
Но, тоа повеќе не е онаа љубов што бара раце, ниту пак глас или враќање.
Таа е толку тивка... што само стои во мене и не бара објаснувања.
Сепак... не би сакала да те сретнам.
Затоа што средбите имаат моќ да разбудат се' што си научил да го успиеш ❤️🖤
Не се плашам од крајот на светот... мојот свет веќе безброј пати згаснал во нечиј поглед и повторно оживеал со едно "добро утро" што мирисало на љубов ❤️🖤
Колку те имам.. во тивките зборови што никогаш не ги изговорив, во секој здив што мириса на тебе, во срцето што трепери кога светот молчи.
Колку те немам.. во празните утра без твојот глас, во секој миг што минува без твојот допир.
Меѓу "имам" и "немам" ... таму живееш ти ❤️🖤
Љубовта молчи,во ноќ осветлена во пастелни бои.
Дланките се сретнуваат без зборови,нежни како сенки што се протегаат во тишината.
Душата трепери,со умисла да ги сплете срцата на вечноста.
А погледот,наежува,како да знае тајни што зборовите никогаш не би можеле да ги раскажат ❤️��
После тебе ми остана само вербата во себе, рана во соништата, и далечни граници покриени со љубов и тишина. Оган од страст и бура од чувства кои се пр��леваат низ срцево.
Но искра на надеж останува, како дар од времето што истекува,
можеби во друг живот,
живот непознат, но мој❤️🖤
Оди си...
оди си од мислите мои, тивко замини со спомените, како здив што исчезнува во ветрот.
Без збор..
одлетај на крилјата на минатото... изгуби се во шепотот на она што некогаш беше „ни��“.
Оди си...
оди си и ослободи ме... за да можам повторно да дишам без твоето име ❤️🖤