Кошта јасно порача: Уставните измени се единствениот услов за формално отворање на преговорите со ЕУ.
Мицкоски со месеци наназад ги лажеше граѓаните.
Нема друг пат.
Доста е со мачкањето очи.
Распишете референдум веднаш.
Граѓаните сами нека одлучат.
Интеграција или изолација - изборот е јасен!
#ЕвропаСега
Уште еден рок истече. Уште една лага е потврдена. Уште едно неисполнето ветување на Мицкоски!
Реформската агенда - целосно фијаско.
Мицкоски и организираната криминална група ВМРО јасно покажаа: НЕ САКААТ ЕУ.
Доста е со лажењето на граѓаните!
Распишете референдум веднаш!
Граѓаните сами нека одлучат за својата иднина, за своите семејства и за своите деца.
#ЕвропаСега
Владата нема време за иднината на граѓаните и нивните деца?
Нема пари во буџетот - тоа го велиме од Нова година.
Секојдневно се задолжуваат, но има пари за нивните криминални тендери и за нов авион за Мицкоски да оди на море.
Додека тој лета со државен авион на наш трошок, граѓаните ќе чекаат по 10 часа на граница.
Не сакаме нашите деца да ја плаќаат цената за Мицкоски.
Тој, неговата криминална банда и нивните семејства со бугарски пасоши - сигурно нема да ја плаќаат, тие веќе се наплатија.
Затоа референдум!
Ние сакаме европска, демократска и просперитетна Македонија.
#РеферендумЗаЕУ
Мисијата на светите Кирил и Методиј има непроценлива улога за нашиот македонски идентитет, јазик и култура.
Наша должност е да го чуваме македонскиот јазик, да ја градиме нашата држава и да обезбедиме европска иднина за идните генерации.
Во силна, демократска и европска Македонија нашиот јазик, идентитет и култура ќе бидат трајно заштитени и почитувани.
Министерката Кочовска нè повикува на средба за „убаво да ги објасниме работите“.
Добро. Доаѓаме.
Но да дојдат и медиумите со камери.
Отворете ги вратите широко, нека слушаат и нека гледаат граѓаните.
Нека ни објасни како 1 + 2 = 5, како што објаснуваше дека половина Европа ќе банкротира, а Македонија ќе стане богата.
Ние сме подготвени за отворена дебата со бројки, а не со политички конструкции.
Граѓаните заслужуваат вистина, а не ново алиби за катастрофалното водење на финансиите.
Мицкоски сега ја менува Унгарија за Словенија.
Наместо Орбан, сега Јанша.
Се менуваат имињата, но приказната останува иста - проруска мрежа, Орбанови медиуми, антиевропска реторика и блокада на патот кон ЕУ.
Додека граѓаните чекаат реформи и иднина, Мицкоски гради „силни врски“ со пријателите на Орбан.
Додека криминална група ВМРО ја поддржува својата сестринска партија СНС и својот „брат“ автократ Вучиќ, додека Мицкоски и Стоилковиќ организираат митинзи за него во Куманово.
Јас како професор и како човек ќе кажам само едно: Секогаш ја поддржувам младоста и иднината!
Студентите победуваат! 👊🏻
#ПоддршкаЗаМладите
Бугарија е јасна: Францускиот предлог е на маса.
Нема што Мицкоски да ветува - секое негово ветување завршува со неисполнување.
Уште 9 дена до 1. јуни и уште едно неисполнето ветување за Реформската агенда.
Граѓаните веќе не веруваат во зборови. Сакаат резултати.
Петер Маѓар јасно порача: Западен Балкан мора да влезе во ЕУ!
Ова е политика спротивна на Орбан, кој заедно со Мицкоски работеше за руски интереси и ја блокираше Македонија.
Затоа се бориме за демократска Македонија - чие место е во Европската Унија.
Нема враќање назад. Нема повеќе изолација.
Реформи сега. Европа сега.
#ЕвропскаМакедонија
Каква широка влада? Кој зборувал за влада и коалиција?
Јасно кажав - поддршка за европските интеграции и реформите.
Да влеземе во тендер коалицијата на Мицкоски?
Од каде некому му падна на памет таква идеја?
Ние не преговараме за фотелји и позиции.
Ние зборуваме за иднината на Македонија во Европската Унија.
Реформи сега. Малцинства во Уставот сега. Европа сега.
Ова не е никаков успех, туку манипулација на ВМРО.
Парите од EU Reform and Growth Facility не можат да се споредуваат бидејќи секоја земја ги добива за потполно различни реформи.
Македонија (65,7 милиони €) за образование и дигитализација во училиштата.
Албанија (49 милиони €) за бизнис конкурентност и иновации.
Црна Гора (44,2 милиони €) за истражување и иновации.
Ова е само една транша од многу, а ние требаше да добиеме многу повеќе (околу 200 милиони €)
Парите се performance-based – добиваш колку што ќе направиш во конкретната област.
ВМРО со ова им ги мачка очите на граѓаните за да не признаат дека најважните реформи (владеење на правото, борба против корупција, судство) стојат во место.
Ова не е знак за успех во реформите, туку знак дека реализирале само неколку проекти во одредена област.
Следната транша може да биде значително помала, или воопшто да ја нема, доколку не започнат со сериозни промени.
#ЕУ #Реформи
ЕК ослободи само 65,7 милиони евра за спроведените реформи во Македонија.
Вкупната сума која требаше да се повлече само за периодот јуни 2025 – декември 2025 изнесува 134,87 милиони евра.
Плус уште 65 милиони евра неповлечени средства поради нереализирани реформи за претходниот период.
Над 200 милиони евра изгубени поради „реформите“ на Мицкоски кои се само на збор.
Уште 10 дена до 1. јуни, рокот што самиот го постави Мицкоски.
Граѓаните плаќаат цената за неговите лаги.
Реформи сега. Европа сега.
И покрај тоа што криминалната група ВМРО не ги исполни реформите, Европа продолжува да ги поддржува нашите граѓани.
Со нови средства за образование, иновации и дигитализација – Европа ни покажува дека не ги казнува граѓаните за лагите и блокадата на Мицкоски.
Да се направија уставните измени и да ја завршевме Реформската агенда, овој износ ќе беше многупати поголем.
Европа нуди неповратни средства, фондови и грантови кои би го подобриле животниот стандард на сите граѓани на Македонија.
#ЕвропскаМакедонија
Клеш.
Мицкоски vs ВМРО!
На кого да верувате?
Самите повеќе не знаат што прават.
Лагите и дефокусот веќе не поминуваат.
Уште 12 дена до неисполнување на Реформската агенда.
Граѓаните јасно гледаат: тие се во хаос, а Македонија стои во место.
Ова е најдобриот можен одговор на Реформската агенда и европскиот пат на Македонија.
„Промакедонска“ партија во која половина од функционерите имаат бугарски пасоши – не може да биде македонска ниту европска.
Години наваму вака се однесуваат кон граѓаните и кон иднината на Македонија:
Кога треба да зборуваат за реформи, Устав, ЕУ – тие зборуваат за салфетки.
Лицемерие на највисоко ниво.
Ние продолжуваме да зборуваме за иднината.
Тие продолжуваат да се кријат зад лаги и дефокус.
Граѓаните јасно гледаат.
#СДСМ #Вистина #ЕвропскаМакедонија
После Ryanair сега се повлекува и Lufthansa.
Изолацијата оди одлично!
Со оглед на тоа дека Мицкоски и Тимчо „обезбедија“ граѓаните ова лето да чекаат по 10 часа на граница, сега го губиме и авиосообраќајот – не џабе Мицкоски рече „летувајте дома“.
Уште еден доказ дека „промакедонската“ партија на Мицкоски, во која половина имаат бугарски пасоши, всушност не сака да биде македонска.
Може целата Влада да биде составена од бугарски државјани, ама не може малцинствата да влезат во Уставот.
Доста е со вашите лаги.
Граѓаните јасно велат: Сакаме ЕУ!
#ЕвропскаМакедонија