По интензивната агенда во Тиват утрово и можноста за средби со лидерите на ЕУ, директно на средба со стопански комори каде разговараме со градежните компании и нивниот интерес за учество во реализација на капиталните проекти во државата.
Пријателска и срдечна средба со францускиот претседател Емануел Макрон.
Разговаравме за регионот, за прашањата важни за иднината на нашите граѓани и за европските перспективи, теми на кои долго време работиме.
Франција е една од највлијателните држави во Европа, па затоа е важно да се разговара отворено, директно и со јасно изразени очекувања.
Нашата цел е да градиме пријателства, да отвораме врати и да обезбедиме поголемо разбирање и поддршка.
Продолжуваме посветено и со јасна цел цврсто да чекориме напред.
Денес во Тиват остварив средба со германскиот канцелар Фрудрих Мерц, во рамки на Самитот ЕУ Западен Балкан. Разменивме мислења за европските перспективи на регионот, предизвиците со кои се соочуваат земјите од Западен Балкан и важноста од продлабочување на соработката и европската интеграција.
Ваквите средби претставуваат можност за градење нови партнерства и зајакнување на врските кои се од значење за иднината на нашиот регион.
Денеска пред вечерата имав можност да поразговарам со Денис Беќировиќ, член на Претседателството на Босна и Херцеговина.
Разменивме мислења за актуелните состојби во регионот, како и регионалната соработка и европската перспектива на земјите од Западен Балкан.
Ваквите средби се добра можност за зајакнување на меѓусебното разбирање и продлабочување на соработката меѓу нашите држави.
За првпат од осамостојувањето сме избрани во едно од водечките тела на Обединетите нации (ОН). Огромен успех за државата и македонската дипломатија. Избрани сме со 174 гласа.
Во Обединетите нации во Њујорк, нашата држава беше избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на ОН - ЕКОСОК, за периодот 2027–2029 година.
Овој избор е потврда дека државата може да постигнува резултати кога работи плански, сериозно и со јасна дипломатска цел. Тоа е признание за трудот на нашата активната дипломатија и за довербата што ја градиме со нашите партнери.
Во изминатиот период нашата држава стана членка на Советот за човекови права на Обединетите нации, како и на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиското оружје. Денешниот избор во ЕКОСОК е продолжение на тој позитивен тренд и доказ дека нашето присуство во меѓународните организации станува посилно и повидливо.
Нашата цел е да бидеме држава која не стои на маргините, туку активно учествува, гради партнерства и придонесува во решавањето на прашањата што се важни за граѓаните и за меѓународната заедница.
Овој успех е резултат на работа, доверба и одговорен пристап.
Продолжуваме да ја зајакнуваме позицијата, да создаваме нови можности и да покажеме дека со сериозна работа нашата држава може да биде почитуван и активен дел од глобалните процеси.
Нацрт-извештајот испраќа важна политичка порака, а тоа е дека Македонија останува јасно препознаена како европска држава, посветена на реформите, регионалната стабилност и стратешкото партнерство со ЕУ и НАТО 👇
🔗https://t.co/vRQpQOWLt5
Најновите резултати објавени од Државниот завод за статистика, кои се однесуваат на растот на Бруто-домашниот производ, овие бројки покажуваат дека растот на БДП повторно е меѓу првите пет во Европа, како процент од бруто домашниот производ, што претставува исклучителен резултат.
✅️ Вредност на растот на БДП според Еуростат
✅️ Во Април месец оваа година индустриското производтсво порасна за цели 7,6% споредено со Април месец минатата година.
✅️ Бројката на вработени е зголемена во првите 21 месец од работењето на оваа Влада
Покажуваме дека со скромни ресурси можеме да направиме многу. Остануваме посветени на решавање на проблемите, враќање на долговите и решавање на нафтената криза, која е увезена. Обезбедуваме инвестиции и отвораме нови работни места. Ние мораме да обезбедиме напредок и да ги оставиме изговорите, нема очајување.
Во време кога регионот и светот се соочуваат со сериозни економски, безбедносни и политички предизвици, кога многу држави се борат со последиците од глобалните кризи, инфлациските притисоци, нарушените пазари и геополитичката неизвесност, покажуваме дека може да оди напред.
Денеска одржавме состанок со претставници на Француската бизнис-конфедерација МЕДЕФ, на кој разговаравме за можностите за унапредување на економската и трговската соработка, како и за продлабочување на партнерствата меѓу компаниите од двете земји.
Во текот на средбата беше истакнато значењето на француските инвестиции и поддршката за создавање нови деловни можности во области како индустријата, енергетиката, инфраструктурата, дигиталната трансформација и зелената економија.
Средбата помина во конструктивна и пријателска атмосфера, со заедничка определба за зајакнување на економските врски и унапредување на билатералната соработка.
Денеска остварив средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта на која разговаравме за европската перспектива на нашата држава, актуелните предизвици и можностите за продлабочување на соработката со Европската Унија.
Во отворен и конструктивен разговор ја потврдивме заедничката заложба за унапредување на реформските процеси, зајакнување на демократските институции и забрзување на европската интеграција.
Истакнав дека граѓаните очекуваат конкретен напредок на европскиот пат, а поддршката и партнерството од Европската Унија се од особено значење за остварување на тие цели.
Денеска заедно со министерот за спорт Борко Ристовски присуствувавме на отворање на новиот базен Карпош, во Општина Карпош. Базенот е со вредност од 46.700.000,00 денари. Станува збор за училишен базен со корито со длабочина од 0,80 до 1,20 метри, со ширина од 9 метри и должина од 25 метри.
Посакувам уште многу вакви проекти во периодот кој што следи да ги отпочнеме и оние кои што се отпочнати да ги дозавршиме бидејќи сите оние ветувања кои што се давани треба и да се реализираат.
Како Влада продолжуваме посветено да работиме заедно со општините во насока на завршување на проектите кои што преку две програми и два повика од Министерството за локална самоуправа беа објавени, некаде околу 350 милиони евра, со се сите оние други проекти кои што министерствата ги финансираат преку други програми, вкупната инвестиција директна, од владата во општините за капитални инвестиции е околу половина милјарада евра.
На Самитот ЕУ–Западен Балкан во Тиват ќе ја претставам иницијативата со која земјите од Западен Балкан можат да станат значаен производител и снабдувач на чиста енергија за Европа.
Во услови на растечка глобална побарувачка за електрична енергија, особено поради развојот на вештачката интелигенција и дата-центрите, нашиот регион има потенцијал да обезбеди околу 260 TWh нова обновлива енергија годишно.
Тоа претставува можност за создавање бизнис вреден околу 26 милијарди евра годишно и шанса Западен Балкан да се позиционира како важен партнер во европската енергетска иднина.
Постојат јубилеи кои не се само потсетник на минатото, туку сведоштво за истрајноста, достоинството и духовната сила на еден народ кој успеал да ги сочува своите корени и тогаш кога животот го одвел далеку од родниот праг. Постојат јубилеи кои не се мерат само во години, туку во човечки судбини, во спомени, во премолчени жртви, во надежи, во создадени домови и во генерации луѓе кои успеале да изградат нов живот без да се откажат од сопственото име, јазик и припадност.
Денес сме собрани во Нови Сад, во срцето на Војводина, за да одбележиме еден голем, значаен и длабоко емотивен јубилеј – осумдесет години од доселувањето и организираниот живот на Македонците во Војводина, Република Србија.
Ако нешто претставува жив мост меѓу нашите народи, тогаш тоа сте токму вие – Македонците во Србија. Вие сте жив доказ дека блискоста и припадноста не се создаваат со декларации и формални зборови, туку со живот, со доверба, со човечност и со меѓусебна почит што се градела низ генерации.
Вашата приказна е приказна за истрајност, за работа, за достоинство и за луѓе кои успеале да изградат нов дом, а притоа да не ја изгубат сопствената сенка, да не го изгубат јазикот, песната и меморијата за тоа кои се и од каде доаѓаат.
Македонија ве чувствува како свои. Македонија се гордее со вас. Со вашата работа, со вашата посветеност, со вашата истрајност и со начинот на кој осум децении успевате да бидете жив мост меѓу нашите народи.
Да испратиме порака дека човечката блискост е посилна од поделбите, дека културата е посилна од заборавот и дека идентитетот не се чува само со зборови, туку со живот, со љубов и со достоинствено пренесување на вредностите од генерација на генерација.
И каде и да живеат Македонците во Македонија, во Србија, во Европа или каде било низ светот, тие остануваат дел од едно големо духовно, историско и културно семејство кое трае, памети и опстојува.
Нека бидат вечни споменот, делото и трудот на генерациите Македонци кои ја испишаа оваа осумдецениска приказна во Војводина.
Нека биде вечна блискоста меѓу нашите народи.
Нека живее заедништвото, почитта и пријателството.
И нека секоја наредна генерација Македонци во Војводина биде уште посилна, уште пообразована, уште подостоинствена и уште погорда на своите корени, затоа што народот што знае кој е, што памети и што чува, никогаш не може да биде мал.
ВМРО-ДПМНЕ им го честита Курбан Бајрам на сите припадници на исламската заедница, нека празникот донесе мир, спокојство и хармонија
🔗https://t.co/xfTkJVS8es
Значајни бизнис разговори и вмрежување помеѓу претставници од двете држави.
Преку отворен дијалог и размена на идеи ја зајакнуваме економската соработка, создаваме нови партнерства и отвораме можности за заеднички инвестиции и развој.
Денешната посета има особено значење за нашите две држави, затоа што таа не претставува само дипломатска средба меѓу две влади, туку претставува потврда на едно пријателство кое се градело со години, на односи засновани врз заемна почит, разбирање, соработка и искрена поддршка.
Република Хрватска е наш близок партнер, пријателска земја и сојузник во НАТО. Земја со која делиме многу заеднички интереси, слични регионални предизвици, но и заедничка визија за стабилен, безбеден, развоен и европски Западен Балкан.
Особено сме задоволни што денес ја подигнуваме нашата соработка на уште повисоко ниво преку потпишувањето на Договорот за стратешка соработка помеѓу двете влади. Овој договор е повеќе од дипломатски акт. Тој претставува рамка за долгорочно партнерство и јасна политичка определба за продлабочување на нашите односи во области кои се од суштинско значење за иднината на двете држави.
Нашата стратешка соработка ќе биде заснована врз принципите на заемно почитување, целосно уважување на суверенитетот, меѓународното право и заедничките интереси на нашите граѓани.
Ќе работиме на развој на конкретни иницијативи и проекти во транспортот, енергетиката, информатичките технологии, индустријата, производството, здравството, образованието, јавната безбедност, цивилната заштита, одбраната, сајбер безбедноста и управувањето со границите.
Посебно значајно е што договорот отвора простор за подлабока поврзаност меѓу институциите, компаниите, инвеститорите, академската заедница, граѓанскиот сектор и експертските заедници на двете земји.
Една од најважните теми на нашите разговори беше европската интеграција. Хрватска е земја која успешно го помина патот од кандидат до полноправна членка на Европската Унија. Токму затоа, хрватското искуство има особена тежина и значење за нас. За нас европската интеграција не е само надворешнополитичка цел. Тоа е процес на институционално созревање, владеење на правото, економски развој, модернизација и создавање подобри услови за живот за нашите граѓани. Затоа ја цениме поддршката што Хрватска континуирано ѝ ја дава на нашата европска перспектива.
Денес остваривме билатерални средби со Владата на Република Хрватска, предводена од премиерот @AndrejPlenkovic.
Во духот на пријателството, меѓусебната почит и партнерството разговаравме за унапредување на соработката меѓу двете држави во повеќе стратешки области, како што се економијата, енергетиката, инфраструктурата, европските интеграции и регионалната безбедност.
Средбите претставуваат уште една потврда за силните и пријателски односи помеѓу државите, како и за заедничката определба за стабилен, безбеден и европски регион.