Народот ќе го ослободи градот!✊🏻 Нема да им помине црната кампања👎🏻
✅Само победа е опција!
Со срце и душа за Кочани!❤️
Гласај за себе и заокружи 5️⃣7️⃣!
✊ Повик до сите мои кочанчани
💡 Јас верувам во младите, во вас кои имате глас, енергија и влијание. Верувам и во постарите кои имате искуство, знаење и сакате подобро место за вашите деца и внуци.
❌ Доста е од партиите кои имаат свои „вечни“ членови кои што и да се случи пак ќе гласаат за своите. Промената не доаѓа од тие луѓе, промената доаѓа од нас, од секој што верува во подобро утре.
⚠️ Сите мора да излеземе на гласање. Не постојат изговори, нема простор за пасивност и неодлучност, не е време за “не се замарам со политика“ бидејќи така губиме ние, а тие добиваат. Сега имате избор: 57 за градоначалник и 73 за членови на Совет🫶
🗳️ На 19 октомври, имаме историска шанса за Кочани, но и за цела Македонија. Ја имаме моќта во нашите раце, да бидеме првиот град ослободен од партиите.
🌟 Кочани не гласа само за избори, Кочани гласа за нов почеток.
Да ја испишеме историјата заедно. ����🇲🇰
Со срце и душа за Кочани!❤️
Нешто што нема да го слушнете на ТВ или прочитате во медиум, дел од мојата изјава на радио канал 77 на прашањето што мислам за истрагата за трагедијата во "Кочани":
📺 Денеска (петок) од ⏰️ 19:00 часот на ТВК Теле��изија #Кочани (нивната телевизија и фејсбук страна) проследете ја дебатата помеѓу кандидатите за Градоначалник на Кочани👇
Програмата за департизирано и подобро Кочани е тука!
Ви ја претставувам официјалната програма за локалните избори, програма со јасна визија, конкретни проекти и планови кои ќе го променат изгледот на нашиот град.
📍Посетете не на нашите штандови низ централното гр��дско подрачје и земете свој примерок, или ���� погледнете ги сите проекти онлајн на 👉 https://t.co/v6jfqFLiAe
Секој граѓанин заслужува да знае што следи.
За Кочани со срце и душа❤️
🍽️ Бесплатни оброци и бесплатна униформа за децата!
💰 За само еден месец, поради ��ојата одлука за департизација, заштедивме 2 милиони денари, тоа можат да бидат 24 милиони денари годишно, кои наместо за партиска војска, ќе се дадат за бесплатни оброци и бесплатна униформа за децата.
✊ 57 за градоначалник и 73 за советничка листа ќе останат гарант дека граѓаните добиваат повеќе за своите даноци!
🟢 Департизација значи фер општина, за сите граѓани, не за партиите и нивната војска!
Со срце и душа за Кочани!❤️
📺 Вечерва во Телевизија 24 @24_Vesti од 20:45 часот ќе бидам гостин на водителката Душица Мрѓа во емисијата „24 анализа“. Со мене во студиото ќе дебатираат кандидатите за #Кочани: Жаклина Свеќаровска Филипова (Левица), Игор Христов (СДСМ) и Зоран Тодоров (Независен).
🤔Кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, Владко Грозданов најавил отсуство.
👀 На сите мои сограѓани од Кочани им порачувам: Не пропуштајте, ве очекува навистина интересна и динамична дебата.
Со срце и душа за Кочани!❤️
🚀 КОЧАНИ, ВРЕМЕ Е!
Бројките се извлечени 57 и 73 се симбол��т на победата!
✅ 57 ќе го донесе новиот градоначалник!
✅ 73 веќе е предводник во Советот!
Ние одиме храбро, со срце и душа, затоа што за Кочани постои само една опција: ПОБЕДА! ✊💙
🚀 За подобро утре, за развој и чесно водство! Од граѓани, а не од партии!
Со срце и душа за Кочани!❤️
🚨 Кој копа јама, сам паѓа во неа!
🔥 Пожарот на депонијата посочи кон нешто многу поголемо од загадениот воздух, посочи кон вистината што повеќе не може да се игнорира.
👉 Додека општината се грижеше за депонијата, пожари немаше. Министерството за животна средина склучило сомнителен договор, фирмата дојде, поработи пет дена, доби по милион денари дневно, се случи пожар.
💰 Во Кочани порамнување на отпад чини 3250 денари по кубик, во Никуштак (Липково) само 250 денари. Тринаесет пати поскапо за истата работа.
📉 Покривање со земја во Кочани 3000 денари по квадрат, во Никуштак (Липково) 300 денари. Десет пати поскапо за истата работа.
🤔 Каде и да копнеш, извира трулоќа. На грбот на кочанчани се прават договори без логика, со единствена цел нечии џебови да се полнат. Но никој не очекуваше дека Кочани конечно ќе има градоначалник кој граѓански ќе ја отвори вистината пред јавноста.
✊🏻 Доста беше!
Со срце и душа за Кочани!❤️
Цените во коментар👇🏻
🚨 Кој копа јама, сам паѓа во неа!
🔥 Пожарот на депонијата посочи кон нешто многу поголемо од загадениот воздух, посочи кон вистината што повеќе не може да се игнорира.
👉 Додека општината се грижеше за депонијата, пожари немаше. Министерството за животна средина склучило сомнителен договор, фирмата дојде, поработи пет дена, доби по милион денари дневно, се случи пожар.
💰 Во Кочани порамнување на отпад чини 3250 денари по кубик, во Никуштак (Липково) само 250 денари. Тринаесет пати поскапо за истата работа.
📉 Покривање со земја во Кочани 3000 денари по квадрат, во Никуштак (Липково) 300 денари. Десет пати поскапо за истата работа.
🤔 Каде и да копнеш, извира трулоќа. На грбот на кочанчани се прават договори без логика, со единствена цел нечии џебови да се полнат. Но никој не очекуваше дека Кочани конечно ќе има градоначалник кој граѓански ќе ја отвори вистината пред јавноста.
✊🏻 Доста беше!
Со срце и душа за Кочани!❤️
Цените во коментар👇🏻
@Roma92377181@hajduk@gfkosogovo Дивоградбите ги уриваат градежните инспектори, кои момент��лно се на ,,боледување” од ним познати причини. Со меѓуопштинска соработка и нови инспектори никој нема да биде поштеден.
Славниот Хајдук ќе гостува во Кочани ✊✊✊
⚽️ Со гордост ви соопштувам дека по средбата со претседателот на @hajduk Хајдук Сплит, Иван Билиќ, се договоривме за пријателски натпревар меѓу @gfkosogovo и Хајдук во август 2026 година на нашиот „Никола Мантов“. Во знак на спортско пријателство со претседателот на Хајдук разменивме дресови на двата клуба.
🚀Ова ќе биде историски настан за Кочани и огромен спектакл за сите што го носат жолто-синиот дух во срцето. Време е Осогово да го добие празникот што го заслужува и да покаже дека е подготвено за ново поглавје.
🤝 Имав средба и со заменик-градоначалникот на Сплит, Иво Билиќ (надлежен за Туризам и спорт), кој даде целосна поддршка за организација на овој голем спор��ски настан.
🌾 Покрај спортската соработка отворивме врати и за културата и туризмот. Веќе догодина во Сплит ќе се одржат „Денови на кочанскиот ориз“, со што Кочани ќе се претстави пред Европа на најубав можен начин.
💛 Драги кочанчани, овој натпревар ќе биде симбол на нов почеток. Заедно да покажеме дека ��наеме да го наполниме стадионот, да го кренеме градот и да го вратиме Осогово таму каде што му е вистинското место.
🙌 За Кочани се работи на сите терени и нашата енергија е препознаена секаде! 🚀Аванти Осогово, Кочани е спремен за спектакл!
Со срце и душа за Кочани!❤️
📰 Ги отвораме вратите на традиционалните простори за извоз на кочанскиот ориз!
🌇 Во Скрадин (Р.Хрватска) на Фестивалот на рижото потпишавме Повелба за соработка помеѓу Кочани и Скрадин, документ кој отвора врати за ново пријателство, туризам и културна размена. 🇲🇰🤝🇭🇷
🌾 Оризот, нашето бело злато, повторно доби��а место што заслужува. Со ова партнерство се отвораат можности за сите што се занимаваат со производство и продажба на кочански ориз да влезат на еден голем пазар кој традиционално не така одамна му припаѓал токму на Кочани.
👉 Општината Кочани ќе даде јасни насоки и ќе обезбеди простор и штандови за следното издание на фестивалот во 2026 година. Тоа значи дека сите оризопроизводители и бизниси од Кочанско ќе имаат прилика директно да го претстават својот производ пред хрватските потрошувачи и бизниси кој работат со ориз.
✊ Ова е само почеток. Оризот н�� е само храна, тоа е нашата историја, нашата култура и нашата традиција.
Со срце и душа за Кочани!❤️
���🇰 На 8 септември 1991 година Македонија ја запиша својата најголема победа. На плоштадот се отвори шампањот, а народот ја прогласи својата независност. Тоа беше редок миг на чиста гордост и заедништво. Резултатот беше јасен: 3:0 за Македонија, победа над минатото, над поделбите.
🤝 Сите политички субјекти обединети за првпат, но со која цел и какви намери?
⏳ 34 години подоцна што остана од таа победа? Тогашните деца пораснаа во возрасни кои денес живеат во тивка војна. Не со куршуми и бомби, туку со лоши политики што се шираат како рак низ општеството. Лош во��дух што ги труеше белите дробови, загадена вода што ја труеше крвта, клиентелизам што го замолчуваше патот до правдата и премолчена правда што го задушуваше гласот на граѓаните.
⚖️ Државни работи се решаваа во темни канцеларии на партиски штабови, д��дека народот плаќаше со своето здравје, со сиромаштија и со иднина украдена пред очи.
🔗 Политичарите ја претворија независноста во зависност, зависност од партија, од тендери за своите, од закони пишувани за малкумина.
🚨 Ова не е само политика, ова е прашање на преживување!
💔 Колку мајки заплакаа, колку генерации се задушија во истата неправда?
🤐 Колку ПРАВДА беше премолчена за државна работа?
🔥 Независноста не е само минато, туку и обврска. Обврска конечно да ја ослободиме Македонија од клиентелизмот, од заробените институции и од сите што ја претворија во заложник.
🎉 Честит нека ни е 8 Септември, Денот на независноста
До кога, драги сограѓани, ќе бидеме заложници на „бубевци“ што се платени да ги штитат граѓаните, а кога ќе дојде момент да ја извршат својата должност одеднаш ги „боли мео“?
Ова е сликата на метастазираниот систем што со години го труе градот. Систем каде што луѓето што земаат плата за да ве штитат, во најважниот момент се кријат зад боловања, зад изговори, зад партиски интереси.
Ова е прашање на иднината на Кочани. Или ќе дозволиме „бубевците“ да не прават смешни, или конечно ќе покажеме дека градот припаѓа на граѓаните, а не на заштитените и недопирливите.
🚧🏗По решение од градежен инспектор, вo петок 5 септември, во попладневните ��асови, Општина Кочани ќе започне со уривање на дивоградби што ја загрозуваат безбедноста во трговскиот центар.
📜Доколку до тој период сопственикот на нелегалниот угостителски објект на терасата во Трговскиот центар сам не ја отстрани дивоградбата, уривањето ќе го изврши Општина Кочани преку економски оператор избран со јавна набавка.
👥️На 28 април одржавме состанок со угостителите од Кочани кои беа информирани дека Општината ќе се залага за хуманизација на просторот и дека безбедноста е првата причина поради која нема да се прават отстапки со ��зурпација на јавните површини.
⚠️На 18 јуни оваа година поднесов кривична пријава за узурпација на јавна површина и бесправна градба против угостители што ја загрозуваат безбедноста на граѓаните бидејќи и по трагедијата во „Пулс“ има угостители што работат нерегуларно и незаконски. Со тоа покажуваат дека поважен им е личниот профит, отколку безбедноста и здравјето на граѓаните, на жителите во з��радите каде што се лоцирани објектите, но и на самите посетители.
🏞Јавната површина е јавен интерес и нема никаква толеранција кон угостителските објекти кои го узурпираат јавниот простор и создаваат безбедносен проблем.
Образованието во општина Кочани мора да се води законски и одговорно. Нема да дозволам повеќе импровизации, самоволие и партиски интереси во училиштата!
👉 Законот за основно образование јасно кажува: паралелка со помал број ученици може да се формира само со претходно позитивно мислење од Министерството за образование и наука.
👉 Општина Кочани нема добиено такво мислење. Секое друго формирање паралелки е нелегално и директно кршење на законот.
🚫 Партиски поставени директори и партиски канџи мора еднаш засекогаш да бидат тргнати од образованието. Таму нема место за партиски игри и лични комбинации, таму се нашите деца!
Ги предупредувам сите директори: ПОЧИТУВАЈТЕ ГО ЗАКОНОТ или ќе одговарате. Толеранција за незаконско работење нема да има.
👨👩👧👦 Драги родители, ова го правиме за вашите деца. Поголем број ученици во една паралелка значи повеќе другарчиња, повеќе дружење, поголема конкуренција и поквалитетно образование. Нема да дозволам некој поради партиски интереси да им ја крати таа можност!
❓Оценете вие дали е нормално 27 првачиња да бидат поделени ��о три паралелки, а законскиот минимум е 20 дечиња во паралелка.
⁉️Се поставува прашањето како во основно образование изминатата деценија се вработувани партиските кадри?! Општина Кочани во претходните години нема добиено позитивно мислење од Министерството за образование и наука.
✅ Во Кочани образованието ќе биде чесно, транспарентно и законско, а партијата и личните интереси ќе останат надвор од училиштата.
Со почит,
Венко Крстевски
в.д. Градоначалник на Општина Кочани