🎉 Прекрасна вест-Го имаме винскиот шампион на Балканот!
Вранец Резерва, берба 2019 од Попов Винарија освои Grand Gold за најдобар Вранец на @vranecselectionbycmb – кој е најголем регионален натпревар за вина од сортата Вранец. Натпреварот се одржа под покровителство на @concoursmondial , еден од најреномираните светски вински натпревари.
Но какво е ова вино? Ако треба со една реченица да се опише тогаш тоа би било железна тупаница во кадифена ракавица.
🍷 Овој Вранец е една од најелегантните и интерпретации што може да се добијат од оваа сорта. Прекрасен пример како може да се „скроти“ дивиот карактер на Вранецот и да се создаде вино што е истовремено питко, но и моќно и комплексно.. мала дигресија има “само“ 15,9% алкохол.
Во ароматика доминираат џемасти ноти на црна слива, црна цреша, црна рибизла, капина, надополнети со ванила, мока и црно чоколадо, резултат на 30-месечно зреење во дабови буриња. Истите овие нијанси се прелеваат и на вкус, создавајќи богата, полна, но сепак елегантна палета.
Независно што овој Вранец е роден во 2019, ова вино има потенцијал да се развива и да се ужива уште многу години. Воедно тоа е и една од големините на ова вино.
🥩 Ако евентуално барате вино кое би било убав партнер за велигденската трпеза, нормално со печеното јагнешко, тогаш не се мислете двапати. Но не застанува тука – одлично ќе се вклопи и со разни други месни јадења, а наш фаворит би бил во комбинација со зреени жолти сирења. Цената е околу 700,00 ден.
За Попов Винарија?
За Попов Винарија сме пишувале повеќепати – еден од пионерите на современото македонско винарство. Нивните вина и препознатливиот стил оставија силен печат на македонската винска сцена, а нивните вина се служат и во Michelin ресторани. Со својот ентузијазам ја реинкарнираа сортата Кратошија.
Оваа година слават и значаен јубилеј – 25 години постоење... и навистина не постоел подобар начин да го одбележат од преставувањето на едно вакви вино. На Здравје!
Интересно да си знаеме🔔 Иако според преспанскиот името е сменето во С. Македонија, сепак некои работи, случајно или не, останале како треба.
Нпр. преставката “северна” не мора да се додава кога збориме за нашите вина. За среќа, виното останало “македонско вино”🇲🇰, а не за северно македонско.
Децо ние си седнавме ко нормални луѓе да си прославиме 9 години постоење. Скоро 4000 донирани компјутери, скоро 10000 евра парични донации за лица на кои им треба медицинска помош, поделени над 4000 новогодишни пакечиња и среќа голема колку цел универзум што не се мери со ништо. Ви благодариме што сте со нас во оваа луда мисија која прерасна во нешто прекрасно и толку многу корисно и потребно. Благодариме на Ресторан Сино за тортата❤️
Поздрав од тимот на #ДонирајКомпјутер 🎉❤️
🎉Денес го славиме Светскиот ден на Вранецот!
Ако за момент Македонија ја замислиме како мало винско кралство, тогаш за крал дефинитивно би го одбрале Вранецот 🍇Зошто?
🥇Ако зборуваме за квантитет – Вранецот е најзастапената сорта по површина на лозови насади во Македонија. Исто така и во споредба со другите земји во светот, Македонија има убедливо најголема површина засадена со Вранец. (Ете, во нешто сме први и најголеми во светот)
🏆Ако зборуваме за квалитет – Вранецот е амбасадорот на современото македонско винарство и сортата со која се постигнати најголемите успеси на меѓународните вински натпревари.
🍾Ако зборуваме за присутност – Вранецот е сортата без која речиси и да не постои винарија, па и семејство, што не произведува барем едно вино од неа.
Со својата разноликост и моќ, со текот на годините, Вранецот стана симбол не само на македонското винарство, туку и на целиот регион на Балканот. И најинтересно, како никогаш досега немало достапност на толку многу убави Вранци од толку многу винарии.
На здравје за Светскиот ден на Вранецот!
#VranecWorldDay #Vranec
@KatttP Да. И Кошариште е убаво, ама тоа е суво вино. Ова беше интересно затоа се што е полусуво и се разликува од остатокот од понудата. Инаку за Попов претходно имаме неколку пишувано. Последно беше за нивното Sunset Valley Rosе https://t.co/aM7ov2v8Vx
📡Драги твитерџии.. Поради тоа што често се случува да добиеме прашање за винска препорака, решивме да започнеме со рубриката “🚀Неделно Винско Откритие“- секоја седмица откриваме вино кое не само што си ја заслужува својата цена, туку честопати нуди и дополнителна вредност! 💫
Првиот избор падна на- Sunset Valley Rosе на легендарната Винарија Попов🌸
🏰Винарија Попов е една од најстарите приватни винарии во земјата. Стилистички ги има произведено нашите можеби најелегантни вина. Со своите 40 ха. лозови насади и капацитет од цца. 100.000 лит. не само што остави траен печат на македонската винска сцена, туку создаде и неколку легенди – вина кои се синоним за извонредност. Во неколку работи се предводници, а можеби најзначајната е револуционерната соработка со Институтот за лозарство, со која успеаја да издвојат чисти насади од локалната сорта Кратошија.
🍷За оваа недела од нив го избравме Розе од линијата Sunset Valley. Направено од сортите Мерло и Сирах, се карактеризира со лесно интензивна розе боја и ароми и вкусови на црвено овошје како јаготка, малина, цреша, брусница. Извонредно избалансираното средно до лесно тело, пријатната свежина и нежниот завршеток го прават идеално за секојдневно уживање. Цената од 285 ден. е повеќе од заслужена за ова вино и топло го препорачуваме да го пробате во овие летни денови.
🍴Поради лесната, освежителна текстура не мора да размислувате да го комбинирате со некоја храна зошто е многу пријатно да се конзумира и самостојно, само чашка Розе. Ако пак сепак сакате да го спарите со храна, тогаш “Д скај из лимит“..риба- лосос, пастрамка, азиска храна, некои лесни сирења како моцарела, бри, камембер, како и разни црвени овошја и овошна салата, овошен сладолед и сл.
Од рубриката – Неделна винска препорака
Ова недела изборот падна на Розе Ана Марија од легендарната винарија Бовин. 🌷
Верувам дека нема некој што нема слушнато за винаријата Бовин. Еден од пионерите на македонското модерно винарство и првата приватна винарија во Македонија. Следствено на тоа и во многу работи во винарството прва.
Формирана е од двајца браќа Киро и Ѓоко, и е една успешна приказна за фамилијарна винарија која усшешно опстојува и после скоро 30 години од нивното постоење (што и не е така така често во Македонија).
Во почетокот на работењето изградија еден препознатлив стил на нивните вина, пред се на црвените, кој што беше толку прифатен и препознаен, што некако во првите години од модерна винска Македонија се наметна како репрезент за стилот на македонските црвени вина🍷. Од скромните почетоци со околу 50.000 лит. сега стигнаа на капацитет до околу 1 мил. литри. И како што бива во успешните приказни така е и овде и сега успешно ја работат наследниците.
🍷 Ана Марија, берба 2024 е едно прекрасно розе направено од сортата Санџовезе – доста необична кај нас за розе вина, но овде исклучително успешна. Виното плени со прекрасна овошност на црвено шумско овошје, речиси да се чувствува малината и на нос и на вкус. Има малку остаточен шеќер, меѓутоа совршено избалансиран со свежите овошни киселини, што го прави многу пријатно за пиење. Со цена околу 600 денари, ова розе е вистинско уживање за добро друштво 😋