Денес, Скопје стана потписник на Париската декларација за ставање крај на епидемијата на ХИВ, со што се придружи на повеќе од 300 градови во светот познати како градови на брзиот колосек во ставањето крај на ХИВ како проблем на јавното здравје до 2030 год. https://t.co/RvQyqolFse
Имаме потреба од ангажирање консултант за развивање стандарди за услугите за превенција и поддршка во рамките на националниот одговор на епидемијата на ХИВ. Повеќе инфо на линкот во прилог 👇 https://t.co/t9MoC5FMI0
Во новата година влегуваме со нов веб-сајт, погледнете го на https://t.co/4TeZ0dh1ob. Предвидените функционалности и содржини ќе бидат постепено пуштени во употреба во текот на 2020. Среќни празници! 🥳🎄🎅
Здружението „Заедно посилни“ објавува конкурс за вработување на определено време за позицијата координатор за комуникации. Позицијата се отвора за период од една година, со тримесечен пробен период и со можност за продолжување по 31.12.2020. 👉 https://t.co/B5Mr0blogm
Светскиот ден на #СИДА, 1 декември, е меѓународен ден посветен на подигнувањето на јавната свесност за #HIV и #AIDS. Покрај сеќавањето на оние кои ја изгубиле битката со #ХИВ, воедно се изразува солидарност со и поддршка на луѓето што живеат со ХИВ. #ЗаедноПосилни#WorldAIDSDay
Да се живее со #ХИВ денес е многу различно од она што било пред 30 години. Денес #HIV се споредува со хронична болест, како што е дијабетот или срцевото заболување, односно состојби што може успешно да се менаџираат со помош на терапија. #ЗаедноПосилни https://t.co/uuGydgYQoA
Со едноставно земање крв од прст, направи бесплатен ХИВ-тест и дознај го резултатот веднаш. Анонимноста е загарантирана. Секоја среда и сабота од 17 до 20 часот во здружението „Заедно посилни“. За контакт инфо и мапа, посети го линкот: https://t.co/oGMT9UhqAB
Нашиот водич за мажи „Моето сексуално здравје и ХИВ“ е достапен покрај на македонски, и на албански јазик. Прелистајте го онлајн со клик овде: 🇲🇰 https://t.co/kB5jLHOf7V и 🇦🇱 https://t.co/DedqpGhsPl Печатен примерок од брошурата можете да подигнете кај нас и кај нашите партнери.
Секоја среда и сабота од 17 до 20 часот во "Заедно посилни" можеш да се тестираш за ХИВ. Дискрецијата е целосно загарантирана. Нашите канцеларии се лоцирани во Дебар Маало во Скопје, на ул. „Васко Карајанов“ бр. 2 ст. 4, зелената зграда спроти градинката „13 Ноември - Парк“.
Преземете го нашиот водич за мажи „Моето сексуално здравје и ХИВ“ со посетување на следниов линк: https://t.co/VLLBWP16ou Печатен примерок од брошурата можете да подигнете кај нас во редовното работно време и за време на стационарното тестирање за ХИВ, среда и сабота 17-20 часот.
Научници од белгиската универзитетска болница во Гент успеале да го локализираат попрецизно вирусниот резервоар на ХИВ, што би можело да ја доведе медицината чекор поблиску до лекот за ХИВ https://t.co/pzCJDqg1hb
LGBT Foundation и UNAIDS во партнерство со универзитетите Екс-Марсеј и Минесота спроведуваат кратка анкета во врска со среќата, сексот и квалитетот на животот. Вашите одговори се комплетно анонимни. Ако сте на возраст од минимум 18 години, клик овде: https://t.co/1Uqxx597Zh
Употребата на сексизам за пресметка со политички противници е неодговорен и дискриминаторски начин на делување, на штета на родовата еднаквост и благосостојбата на целото општество. https://t.co/JXHb988FdW
Доверливо советување и тестирање за ХИВ со обучени советувачи и медицински лица. Со брзиот ХИВ-тест резултатите се добиваат веднаш. Анонимноста е загарантирана. Услугата е бесплатна.
Да го знаеш својот ХИВ-статус значи да имаш пристап до терапија, лекување и поддршка, а исто така значи и можност вирусот да не се пренесе на твоите партнери. Употребата на кондом и лубрикант при секој секс е најраширениот и еден од најефективните методи во превенцијата на ХИВ.