Наместо сите кои беа уште на пат кон излетничките места кои не стигнаа до 21:00 часот да добиеа по 2.000 евра казна, кога ќе се јавевте на 192 да им кажете дека нема да стигнете зошто има гужва, од таму одговараа со “знаеме, нема проблем”
Не сум епидемиолог, ама интуицијата ми вика дека однесувањето на луѓето во овој полициски час ќе има многу покатастрофални последици отколку воопшто да немаше полициски час.
Имам и јас блиски починати и ете тешко ми е што не можам да им запалам свеќа меѓутоа тоа не е поважно од општото здравје на сите живи луѓе во земјава.
Починатите секогаш ќе живеат во нашето срце, доволно е денес да ги споменеме и да се напиеме нешто за нивна душа.