На плоча врти омилената песна, ќерка ми црта свртена со грб, а јас работам. Си викам, ова е тоа, core memory и земам да снимам. Зумирам, ја гледам бавно вади мало мрсулче, го гледа и нежно го лепи на масичката. Прелепо.
Родителите ги изгубив уште како дете. И она што ми е многу криво е тоа дека се сеќавам само на времето поминато со татко ми, бидејќи мајка ми беше машинеријата во тој брак. Јас шетав, таа да чисти, готви, организира. Си беше задоволна мислам, само ете, мене ми е жал.
За помалку од 24 часа видовме збунети институции, неетичко известување за смртни случаи под истрага и повеќе релативизатори „што барала со него“ отколку емпатија и барање одговорност. Нам не ни треба надворешен непријател, сами се уништуваме.
По кој знае кој пат потсетник да си ги споделувате платите со колегите/колешките пошо никој не добива од тоа освен газдата. Вашето работно време е единствениот ресурс ко работник и не постои враќање на тоа, додека газдата заработува и дур спиет.
Најголемиот апсурд е што оригиналната фреска на Мартинез била само една од илјадниците просечни црковни слики во Шпанија кои никој не ги посетувал.
Благодарение на „вандализмот“ на Сесилија, името на Елијас Гарсија Мартинез денес го знае целиот свет.