Свесноста не е цел таа е функција, телото е примач на сигнали од иднината, кои ретикуларниот активациски систем ги пушта само ако се безбедни за егото. Дијалектиката, онаа хегеловска танцувачка спротивставеност, тука не се случува меѓу тезис и антитезис туку меѓу сигнал и филтер.
Насилството не секогаш остава модринки. Понекогаш остава трауми, анксиозност, депресија, страв и целосно го нарушува психичкото здравје. Затоа е значајно што Шведска од 1 јули 2026 година го призна психичкото насилство како посебно кривично дело. 🇸🇪❤️
Денес Црквата се извини за злоставувањето што го преживеале торнедалските деца во шведските асимилациски училишта. Но ниедно извинување не може да врати украден мајчин јазик, избришан идентитет или генерации израснати во срам од тоа што се.
@IvaRistevska R.D. Laing и Gregory Bateson одамна укажуваат дека умот не се распаѓа случајно, туку реагира на контрадикторни релациски пораки “double bind”. Понекогаш, она што го нарекуваме болест е интелигенција што се обидува да преживее во невозможни услови.
Шизофренијата често се чита како биолошки дефект. Но во клиничката пракса, понекогаш звучи како адаптација на умот во средина со контрадикторни пораки. Кога љубовта и оттурнувањето доаѓаат од исто место, реалноста не се губи, таа се дели за да преживее.
Не секој што ти се доближува ти припаѓа. Некои доаѓаат по топлината, не по тебе. Мудроста не е да оттурнеш, туку да видиш јасно… и сепак да останеш мекa.