„Не знаела да готви.“
„Не знаела да пере.“
„Не знаела да пегла.“
„Не била добра со правосмукалка.“
„Не сакала да оди до пазар.“
„Не знаела ништо низ дома.“
Не бе брат, не се залажувај 😂
Не си ти налетал баш на единствената жена у Скопје што мистериозно не знае како функционира правосмукалка.
Кога жена е среќна со тебе, кога ја почитуваш, ја цениш, ѝ даваш внимание и не ја третираш ко дел од инвентарот у станот, одеднаш почнуваат чуда.
„Не знам да готвам“ станува:
„Што сакаш утре за ручек?“
После два месеца отвараш фрижидер, домашен сос, супа, салата, некое пире со француско име што не знаеш ни да го изговориш, печење маринирано од вчера, пудинг, парфе и десерт ко од ресторан со Мишелин ѕвезда.
Ти стоиш пред фрижидер у 23:40 и се прашуваш:
„Чекај бе, оваа не беше таа што не знаеше јајце да свари?“ 😂
„Не знам да пеглам.“
После некое време кошулата ти е испеглана така што можеш директно на свадба да идеш. Сама стои исправена на закачалка.
„Не сум по чистење.“
После ја гледаш со правосмукалката како влага под кревет под агол од 37 степени пошо видела две трошки што ти не би ги приметил ни со форензичар од МВР.
„Не сакам пазар.“
Одеднаш оди пеш до пазар, се враќа со три торби и ти објаснува дека доматите кај едниот биле 20 денари поефтини, ама краставиците кај другиот биле подобри.
И ти само климаш со глава ко министер на прес конференција.
Не брат.
Можеби проблемот никогаш не бил дека „не знаела“.
Можеби едноставно немала желба да вложува таму кај што не се осеќала сакана и ценета.
Кога двајца стварно си прават убаво еден на друг, не броиш кој пуштил машина, кој усисал, кој испеглал и кој бил до Веро.
Едниот готви, другиот мие.
Едниот пазари, другиот средува.
Некогаш двајцата не прават ништо и нарачуваат.
Тоа ти е врска.
Не бараш домашна помошничка.
Не бараш хотелска услуга.
Бараш човек со кој двајцата ќе сакате да си го направите животот поубав.
Така да следен пат кога некој ќе ти каже:
„Брат, мојава ништо не сака да прави низ дома...“
Не ја обвинувај одма правосмукалката.
Може проблемот да е многу поблиску до тебе.