Сѐ што пред 100 години било евтино, селско, сиромашко или го фрлале затоа што не било за јадење, денес е скапо, премиум и ти го служат на црна чинија
🦞 Морската храна била храна за сиромашни, денес две ракчиња се 900 денари
🧈 Путерот бил обична селска работа, денес е artisan hand churned butter од 14 евра
🦴 Коскената срж била отпад, денес е bone marrow delicacy
🥪🍅 Сув леб со домат бил сиромаштија, денес е брускета
🌽 Палента била за да преживееш, денес е кремаста палента со тартуф 🍄🟫
🥖 🚰 На крај ќе ни сервираат корка леб натопена во вода, ќе ја наречат deconstructed village experience и ќе ни наплатат 38 евра по човек без пијалак
Малку е мачно да се гледа како руски поп (не политичар, ами поп) му попува на Радев за историја и политика и овој му ќути како попче.
Навистина е нефер да им повторува дека Русија ја ослободила Бугарија и им ја создала државноста.
Во Македонија 307.000 станови биле празни.
Лупни данок на празен стан (тој што не е ни под кирија ) 10% данок од вредноста годишно и одма ќе се реши проблемот со цената на квадратот.
Само проблемот е шо нема маж во вукојебината да напрај тоа.
@KikiriMikiri52 Исланд не е аутистична држава како нашата, а народот не е исклучително прост како нашиот. Исланд има едно од најдобрите образованија во Европа, а не криминал од баби, зетовци, снаи, вујни, партиски пајташи и останати лудаци. Значи се самоодржливи, не килави и безволни како нас.
Славица од 41+ почнала да пребира, сакала млад богат успешен што не пије не се дрогира и е посветен на семејството и децата... и да изгледа како Патрик Свејзи...
*Славица метропеесе 90 кила под ќирија, касиерка во ДИМ Маркет разведена со дете заглавена во кредити.
Добро бе, како правите станови без ходник?
Кога ќе се вселам, чевлите кај да ги оставам, до фрижидерот или пред телевизор?
Отвораш влезна врата и директно си меѓу шпоретот и троседот, уште поштарот од врата може ручекот да ти го промеша. 😂
Кога ќе се вселам, чевлите кај да ги оставам, до фрижидерот или пред телевизорот?
Јакната да ја закачам на аспираторот, чадорот да го ставам во рерна, а клучевите да ги чувам во фиоката со вилушките?
Отвораш влезна врата и директно си меѓу шпоретот и троседот. Нема влегување дома, нема оставање палто, нема соблекување чевли, нема момент да се освестиш дека си стигнал. Од скали директно паѓаш во дневна.
Едната нога ти е уште во лифт, со другата веќе ја мешаш манџата
Ќе ти дојде поштарот да донесе сметка, од врата ќе види што готвиш, што гледаш на телевизија, со кого седиш и дали си ги измил садовите. Уште да ти каже: „Стави уште малку сол во тавата, вака бледо ми изгледа.“
Ќе нарачаш храна, доставувачот нема ни да знае дали да ти ја подаде кесата или да седне на тросед. Ќе ѕвони соседот за шеќер и ќе ти влезе директно во семејниот живот. Нема праг, нема приватност, нема транзиција. Влегуваш од заеднички ходник и одеднаш си гостин на слава
И после агентот ти вика: „Многу функционално искористен простор.“ Што е функционално бе? Чевларникот да ми биде под мијалник, закачалката над телевизор, а правосмукалката да седи до фрижидер како уште еден член на семејството?
Тоа што сте го избришале ходникот од планот не значи дека сте измислиле модерен стан. Само сте направиле гарсоњера во која влезната врата е дел од кујнскиот елемент. 😂