@samofiljan Да, кај нас цените се буквално чист грабеж на народот и институцииве тоа преќутно го одобруваат. Подобро да си купиш нешто поквалитетно за разумна цена од Солун или од Софија отколку да чекаш да биде увезено нешто сомнително и со огромна маржа кај нас.
@damjanev Не ги интересира ниеден живот толку. Нивната пракса е само да се регистрира случката во записник и не мислат дека требале и нешто превентивно да преземат на терен.
@TiliaIv Знам дека за овој лик мислиш, но да те потсетам и на друг таков лик од претходно кој што со вработената швалерка во фирма беше случајно фатен на камера на концерт. Сѐ е тоа некаков материјален интерес во позадина. За емоции и жени реално ич не им е гајле, сѐ се плаќа.
@TiliaIv Имајќи предвид дека и сумливи, слаби и матни ликови се назначуваат за CEO, не треба да се глорифицираат ни нивните животни избори ни нивните грешки. И пристапот кон жените им е најчесто привидно коректен.
@PopoViktor Секој таков договор е асиметричен. Нас директно и емоционално нѐ засега ама геополитиката на големите сили се спроведува без емоции и преку такви договори на помали земји.
@damjanev@ArslaJeMeniBog Не е толку проблем во процедурата туку тоа што свесно инсталираат свој партиски послушник а не човек со личен и професионален интегритет на таа висока функција.
@sveste_tese Не се заинтересирани да си го расипат привидниот комфор ниту денес. Ако нешто директно и лично ги засегне, само тогаш би сакале некаков бунт без да сфатат дека никој друг разумен нема да ги поддржи само поради нивните лични интереси.
@damjanev@ArslaJeMeniBog Штом ДПМНЕ преку Собрание и формално со потпис на баба Гога го поставија режимскиот полтрон Трајко С. за гувернер, очекувано беше какви погубни политики ќе тераат заеднички.