Како да не те познавам
А те знам подобро од дамариве низ кои поминува живот
Како никогаш да не сме се сретнале
А делиме животи додека ни се испреплетуваат корените на постоењето
Еве една модерна идеја: зошто ќесите кои се плаќаат се со реклама од продажното место?
Зошто да плаќаме за да правиме реклама?
Зошто нема опција, или бесплатни, но со реклама, или без реклама, да се купат?
Ќе дојде ден
ќе бидеме во други тела
Ќе ме познаеш
Ќе се погледнеме во очите
како никогаш да не сме се разминале
Ќе дојде ден
Светот за момент ќе застане
Едно вдишување само
и вистината сама ќе се открие
Ќе дојде ден
Ќе бидеме во други тела