Денеска присуствував на настан по повод успешното завршување на проектите реализирани во рамки на Акцискиот документ „ЕУ против организираниот криминал, со поддршка за трговијата“ на Граничниот премин Табановце.
🔗https://t.co/v1n7mMAVfm
Денеска во Владата се одржа состанок посветен на реформската агенда, на кој беа разгледани клучните приоритети и следните чекори за спроведување на реформите.
Заеднички ја нагласивме важноста од ефикасна координација меѓу институциите и навремена реализација на предвидените активности.
Беше потврдена заложбата за продолжување на реформските процеси во насока на унапредување на системот и подобрување на услугите за граѓаните.
Денес извршивме увид во градежни активности на реконструкција на Универзалната сала- Скопје.
Очекувам во рамките на рокот да биде завршен овој објект бидејќи проектот „Европска престолнина на културата“ после сите оние застои во минатото, конечно добива некаква динамика, а мораме до 2028 комплетно да ги затвориме сите објекти. Така што еден од тие објекти е и овој.
Според она што го видов и што го презентираше проектантот ќе биде навистина прекрасно дело. Да не зборуваме пред време, да го завршиме и потоа сите заедно да се радуваме и уживаме во културните настани коишто тука ќе се организираат.
Би сакал да се заблагодарам на министерот, на министерството, на градоначалникот, на сите оние коишто учествуваа во подготовката на овој проект, после сите перипетии од минатото и се надевам дека во рамките на предвидениот рок и во рамките на предвидениот буџет ќе биде овој објект завршен.
Денес присуствував на бизнис средба помеѓу швајцарските и македонските стопанственици.
Настанот претставуваше одлична можност за размена на искуства, идеи и за продлабочување на економската соработка меѓу двете земји.
Пред почетокот на средбата беше истакната важноста на економското партнерство, инвестициите и поддршката за развој на бизнис секторот.
Овој настан е уште еден чекор напред кон зајакнување на билатералните односи и отворање нови можности за соработка.
Денес правиме чекор кој долго време недостасуваше во системот на управување со јавните инвестиции. Со формирањето на Комитетот за јавни инвестиции, државата воспоставува нов, поцврст и поодговорен механизам за одлучување, кој не се води од импровизации, туку од јасни критериуми, визија и стратегија.
Целта што ја поставуваме е јасна: секој денар од буџетот да биде насочен таму каде што создава најголема вредност. Таму каде што носи раст, отвора работни места и го подобрува квалитетот на животот. Времето на стихијно планирање заврши. Доаѓа време на систем, одговорност и резултати.
Ние како Влада во изминатиот период ги поставивме темелите. Сега е време тие темели да се надградат со систем кој ќе гарантира резултати.
Денеска присуствував на седница на Советот за реформа на јавната администрација, каде што се дискутираше за клучните приоритети и насоки за унапредување на ефикасноста, транспарентноста и отчетноста на институциите.
Во текот на седницата беа разгледани тековните активности и постигнатите резултати, како и предизвиците со кои се соочува процесот на реформи. Посебен акцент беше ставен на дигитализацијата на услугите, јакнењето на административните капацитети и подобрувањето на услугите кон граѓаните и бизнис-заедницата.
Учесниците ја потенцираа потребата од координиран пристап и континуирана соработка меѓу институциите, со цел обезбедување одржливи и долгорочни резултати. Беше истакнато дека реформата на јавната администрација останува клучен столб во процесот на европска интеграција и градењето модерна, професионална и сервисно ориентирана администрација.
Интерконективниот далековод Битола–Елбасан не е обичен далековод. Тој е симбол на една затворена празнина која со години стоеше како пречка на нашиот пат. Коридорот 8, кој треба да биде артерија на економијата, долго време имаше прекин во својата енергетска мрежа. Денес, со овој проект, таа празнина конечно се затвора.
Со изградбата на овој 400 киловолтен далековод, долг околу 100 километри, ја воспоставуваме последната енергетска врска којашто недостасува со нашите соседи. За првпат, стануваме целосно поврзани со сите соседни електроенергетски системи. Тоа значи повеќе сигурност за граѓаните, повеќе стабилност за стопанството и повеќе можности за развој.
Кредитот бил обезбеден уште во 2015 година. Договорот потпишан во 2020 година. А реализацијата – речиси непостоечка.
Ние не дозволивме овој проект да остане уште една пропуштена можност. Донесовме храбра, но неопходна одлука – да се раскине договорот кој не даваше резултати. Одлуката беше донесена по длабока анализа, со форензичка поддршка, со меѓународни консултанти и во координација со ЕБОР.
Доаѓа времето кога државава нема да биде на периферијата на енергетските текови, туку во нивниот центар.
И тоа време, започнува сега.
Повторното воспоставување на линија Скопје - Будимпешта претставува значаен чекор кон подобрување на регионалната поврзаност, економската соработка и развојот на туризмот.
Дополнително, македонските граѓани можат слободно да патуваат, што значително ќе ја олесни мобилноста, ќе поттикне културна размена. Ваквите иницијативи се важен чекор кон зајакнување на меѓународната соработка и приближување кон европските стандарди.
Денеска присуствував на започнување на реконструкција на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.
Со оваа реконструкција на охридскиот аеродром се зголемува самиот капацитет, квалитет и се надевам дека во рамките на предвидениот рок тоа ќе биде завршено.
Би сакал да изразам исто така големо задоволство што во првите два месеци од годината на скопскиот аеродром имаме зголемување од 30% на патници, на охридскиот аеродром околу 20% на патници и кога сето ќе се спореди со некои минати времиња очекуваме двоцифрен процент раст оваа година на патници на двата аеродроми и на скопскиот и на охридскиот.
Она коешто исто така сакам да го напомнам е дека разговараме и работиме со голем број туроператори коишто организирано треба да носат туристи на охридското крајбрежје.
Денеска присуствував на настан под мотото „Youth Vision 2030: Western Balkans, Stability & AI in Education“, каде што ја истакнавме клучната поврзаност помеѓу вештачката интелигенција и енергијата. Не е возможно правилно да се користи вештачката интелигенција без развој на центри за податоци, а тие се целосно зависни од електричната енергија што значи дека иднината на технологијата директно зависи од енергетската инфраструктура.
Воедно, беше нагласена и визијата за трансформација на регионот преку привлекување големи инвестиции и развој на вакви капацитети. Наместо да бараме поддршка, идејата е да понудиме реални решенија и иницијативи што ќе одговорат на глобалните потреби, со што Западен Балкан може да стане значаен фактор во идниот технолошки и економски развој.
Откако сме избрани како Влада, досега ги имаме регулирано односите со нашите колеги во најголем дел, односно повеќе од 95 проценти, преку колективни договори кои имаат краен рок за реализација до 2028 година.
Нашиот став е јасен за јавноста и тука немаме никаква дилема.
Во изминатиот период е постигнат договор со синдикатите УПОЗ и САДУ за повисоки плати на административците, при што беа вклучени и други синдикати кои првично не беа дел од преговорите, затоа што сакавме да имаме што е можно поголем опфат.
Денеска на дневен ред е информацијата за висината на минималната плата која ќе важи во 2026 година, согласно закон. Очекувам на следната владина седница да ја усвоиме како Влада, а потоа, согласно утврдената висина, од април (за март) да започне исплатата.
Очекуваме да продолжи и да се интензивира бипартитниот дијалог меѓу работодавачите и работниците. Ние, како Влада, секогаш стоиме на располагање да помогнеме во рамките на нашите можности и ингеренции. Сè што е во рамките на институциите, институционалниот дијалог, треба да се охрабрува, затоа што само така може да се дојде до конструктивно решение.
Денес, по повод празникот Христовото раѓање - Божиќ, присуствував на литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.
На православните христијани им го честитам Христовото раѓање, а на сите граѓани им посакувам, пред сè, здравје, среќа и мир во домот.
Втор пат за помалце од два месеци пуштаме втора делница на автопатот Кичево - Охрид.
Покажуваме дека таму каде што имаше застој, има решение. Таму каде што имаше недоверба, има резултати.
Автопатот Кичево - Охрид е од стратешко значење за нашата земја. Тоа е главна артерија за поврзување на југозападна со остатокот од државата и со Охрид, град кој не само наш туристички бисер туку и светско културно наследство.
Денеска ја посетив Општина Гази Баба, каде што извршивме увид во градежни активности на следните проекти:
✅️ Увид во изградба на спортско рекреативен центар „Идризово“;
✅️ Увид во изградба на градинка Трубарево;
✅️ Увид во реконструкција на улица „Париска комуна“ во Хиподром, проект финансиран од вториот повик на Владата.
Владата вложи 12 милиони евра за проекти во Гази Баба, јас сум навистина задоволен, скоро четири години како Бобан е градоначалник во Гази Баба и може да се види од далеку трансформацијата, имајќи предвид дека кога тој беше избран за градоначалник, буквално многу работи стоеја, да не речам речиси сѐ. Од тогаш се направени десетици, стотици проекти коишто значат додадена вредност за животите на жителите на Општина Гази Баба, а ние како Влада во периодот којшто следи ќе продолжиме да ги поддржуваме проектите на целата територија на државата.
Денес во Гевгелија, заедно сведочиме на исполнување на едно големо ветување. Го пуштивме во употреба капиталниот проект-улицата „Свети Климент Охридски“, обиколницата која претставува нов современ западен булевар и е директна артерија за сообраќајниот и економскиот живот на Гевгелија.
Ова беше приоритетен проект од програмата за работа уште во 2021 година. И денес, само неколку години подоцна, го гледаме реализиран. Со вредност од над 120 милиони денари или околу 2 милиони евра, оваа улица не е само нов асфалт, туку симбол на нашата решителност, дека ветувањата не се даваат за да се заборават, туку за да се исполнат.
Паралелно со овој проект, во тек е и реконструкцијата и рехабилитацијата на дел од Булеварот „Гевгелија“, заедно со натпатникот на улицата „Железничка“ и железничката пруга, проект во вредност од над 25 милиони денари. Дополнително, во завршна фаза е и изградбата на кружната крстосница на влезот во Гевгелија, со нов мост над каналот „Рауљ“, како и дислокација на дел од каналот под крстосницата, проект вреден повеќе од 27 милиони денари.
Денес испраќаме порака- продолжуваме да вложуваме, да градиме, да го менуваме лицето на секој град, секое село и секоја општина во Македонија. Бидејќи тоа го ветивме. И ветувањата мора да ги исполниме.
Навистина, долго време граѓаните го чекаа. Практично до ова место кај што и официјално го отворивме овој прв дел од делница од Врбјани до Охрид, до Кичево има уште околу дваесетина километри. Од тунелите, оттаму е веќе завршен автопатот, до Кичево остануваат седумнаесет километри.
Два километри се тунелите кои што се скоро завршени и остануваат петнаесет километри од излезот на тунелите до Кичево. Охрид има шест косини или свлечишта кои што се во атарот на селото Ботун.
Проблемите да ги оставиме во минатото, било што било. Сега да гледаме напред. Граѓаните не избраа да ги решаваме тие проблеми. Ако беше лесно, немаше сигурно да бидеме ние.
Ги градиме темелите на промените, доаѓа времето на Македонија!