Ова не е љубов, туку едноставно - крмење.
Растителната храна е богата со калиум, но екстремно сиромашна со натриум.
За да ја одржат рамнотежата на течности и електролити во организмот, козите мораат да најдат сол по секоја цена, па ако треба и од потта на исплашениот планинар :)
Овие вонземски кристали се од осмиум - елемент со најголема густина на Земјата, речиси двојно поголема од оловото.
Се добива со платината, а во илјадници тони руда има само траги.
Името му доаѓа од osme (мирис), поради остриот, продорен мирис на неговиот екстремно токсичен оксид.
Металов разгоре и жестока археолошка дебата: во градите на мумијата Луиза (Перу) има метален имплант што содржел осмиум.
Бидејќи овој метал се топи на преку 3000 °C, а древните луѓе никако не можеле да го излеат, дали тоа значи дека имплантот е производ на вонземска технологија?
Ова не е сребрен брош, туку тропско бубаче што совршено го имитира отсјајот на светлината врз капка вода.
А најинтересно е што во оклопот нема ниту еден атом метал: тој е изграден од полисахаридот хитин (како раковите), но нареден во нанослоеви што ја создаваат оптичката илузија.