Општина Драчево во знак на протест поради новите двојазични банкноти нема да го користи македонскиот денар при вршење трговски зделки на територијата на општината, трговија со услужни дејности и стоки ќе се извршува исклучиво со кромид.
Општина Драчево им го честита разводот на познатата американска глумица, поп-пејачка и танчерка Џенифер Лопес и на американскиот глумец, режисер, сценарист и продуцент Бенџамин Афлек.
Општина Драчево им го честита бракот на познатата американска глумица, поп-пејачка и танчерка Џенифер Лопес и на американскиот глумец, режисер, сценарист и продуцент Бенџамин Афлек.
На ведрото небо над вашите глави секогаш да блеска само едно соѕвездие, соѕвездието на љубовта.
Општина Драчево им честита на сите кои го слават светскиот ден на менталното здравје, исто изразува сочувство на оние кои страдаат од него, како и на оние кои страдаат од тие кои што страдаат од него.
Општина Драчево ја информира јавноста дека благодарение на нашиот крст од 64 метри нема никаква штета предизвикана од ураганот Милтон на територијата на општината.
Општина Драчево со нетрпение го очекува Бритни Спирс моментот на Бојан Јовановски преку неговиот нов документарец „Рекет“ кој ќе одекнува во етерот како реклама за животот и делото на господинот Ѓорѓија Џорџ Атанасоски на телевизија Сонце.
Лани за ПРВ ПАТ во мојов живот трчав 11км дистанца на штафета. Во живот немам трчано како дисциплина, мразев трчање. Една година подоцна, полумаратон.
Серка немаше како за прв 21 ама имаше исполнување на желбата да сум под 2 часа. Мислам дека беше до чорапите со принт на крава