Oгнениот водопад во Јосемити Парк, САД.
Сцена за која се чека цела година, а трае едвај неколку минути и можеби ни толку. Моментот кога светлината ја претвора водата во течна лава...
Дај ми хортензија и ќе ја обојам како сакаш!
Ова не е само заради рН, туку и заради алуминиумот во почвата.
Кај другите растенија, алуминиумот ги оштетува клеточните ѕидови и тие умираат.
Кога хортензијата ќе го впие металот, го врзува со своите киселини во безопасни соединенија.
Виното добиено на традиционален начин е подобро не поради ритуалот или контактот на зрната со босите нозе, туку поради нежното гмечење кое ја зачувува аромата.
Машинските ножеви ги дробат семките, ослободувајќи горчливи танини и феноли, кои даваат поостар и погруб вкус на виното.
Една недела после завршување на Ел Камињо го имав најдобриот пејс при трчање во последниве 5 години (можеби и повеќе), т.е. од ко го имам гарминов, а го имам од септември/октомври 2020, исто така max heart rate ми е 156 (за мене незамисливо). Горда сум на себеси и благодарна 🍀
Уште 197 км останаа, од 280 :)
Денес тргнуваме од Viana do Castelo. И сме со план да пешачиме помалку (17-18 км, ама планот не излегува секогаш, доколку не најдиме сместување во местото, како вчера).
П.С. први Македонци кои ставивиле топувче во кафулево во Viana do Castelo сме.