Ова ми нема никаква логика: изградба на пат од Прилеп до Битола во должина од 40km наводно ќе скрател патување од Скопје до Атина за 3.5 часа. Ниту има можност за толку да се скрати патување од 40km, ниту пак од СК до АТ се патува преку БТ. Ама па и јас барам логика од политичар?
-Шефе! Какви канти за ѓубре сме поставиле да знаеш!
- Ејјј! Браво бе дечки! На тие постоечките столпчиња, што ги ставивме пред некое време, така?
- ...
Јутуберот Никола Поповиќ вечерва пред полноќ затекнал малолетници како кршат лулашки и урбана опрема на игралиштето „Патрик“ зад „Три бисери“ во Општина Аеродром. Според видеото кое пристигна до редакцијата на 24часа, јасно се гледа како тие зад себе оставиле искршени лулашки..
Ако ви кажам дека столбовиве со знак за пешачки премин се погрешно поставени, затоа што вака го блокираат погледот и на возачите и на пешаците… нема да ми верувате
Туристичка понуда 2026: Езеро Козјак
✅ Кристално кафеава вода
✅ Арома на канализација
✅ Сувенири: пластични шишиња и мртви риби
Добредојдовте во пеколот што сами си го направивме.
До каде вака бре луѓе? 🤔