Со задоволство ве известуваме дека во недела на 3ти јануари во 21:15 часот Исцелител ќе се прикаже на првиот канал на Македонската радио-телевизија. Уживајте во проекцијата!
Исцелител премиерно на МРТ1! Во недела на 24 мај, во 21:30 часот. Филмот освои бројни интернационални признанија, беше првиот македонски филм прикажан на престижната платформа „HBO GO“ и доби блескави критики од „Variety“ и „Hollywood Reporter“. Уживајте во проекцијата.
Имаме голема чест да објавиме дека #Исцелител вечерва ќе го отвори Балканскиот филмски фестивал во градот Улм во Германија. Во друштво сме на одлични филмови како бугарскиот “Насоки” на Стефан Комендарев и српскиот “Терет” на Огнен Главониќ. https://t.co/5DkuAIMeLX
Со огромно задоволство објавуваме дека #Исцелител вечерва освои две награди на фестивалот Green Montenegro International Film Fest! Награда за најдобар филм во селекцијата „Екологија на душата“ и специјална награда за главниот актер Благој Веселинов. Честитки!
#Исцелител е вклучен во импресивната листа на најдобри неамерикански филмови кои секоја година ја составува одборот на University of Wisconsin-Parkside, сместен во градот Кеноша во САД, родното место на Орсон Велс. https://t.co/g2YiEWIsW4
Вечерва во 22 часот ќе се одржи проекција на #Исцелител на @DFestival_MK. А утре во 12:30 ќе има разговор со режисерот на филмот Ѓорче Ставрески. Огромна благодарност до @HERA_mkd и Д Фестивал за организацијата и поканата да бидеме дел од најубавиот летен настан во Дојран.
На 12 јули почнува дистрибуцијата на #Исцелител во Сан Франциско, САД. International Film Showcase е американски дистрибутер посветен на прикажување на сензационални интернационални наслови како: "The Guilty", "Never Look Away", "Salesman" и други.
https://t.co/bdBAW7BCmH
Success of last day of #SettimanadelCinemaItaliano with the screening of @iscelitel_mk beautiful movie by @stavreski already awarded last year by @BFMEETING & distributed in 🇮🇹 by #Lab80film. Interesting debate with the public, Director Stavreski & Giulia Esposito of #Lab80Film🎥
Интервју со претставникот на италијанската кино дистрибуција на #Исцелител, Џулија Еспосито, од дистрибутерската куќа „Lab80“ . Досега „Исцелител“ имаше над 90 проекции во 31 град во Италија. https://t.co/f2urx7fwoO
Вечерва во 20 часот #Исцелител ќе биде прикажан во Кинотека во рамки на Неделата на италијанскиот филм и по проекцијата ќе прозборуваме за дистрибуцијата на Исцелител во Италија. Гости се претставничката на дистрибуцијата Lab80, Giulia Esposito и режисерот @stavreski. Повелете!
#Исцелител се закити со уште една награда! На фестивалот во Феникс го освои второто место од публиката во селекцијата на културната дипломатија. Честитки на актерите и екипата! Ова е 17-та интернационална награда за филмот за неполни година ипол.
https://t.co/baLIKQlfZO
Чест ни е да објавиме дека #Исцелител е номиниран за евроазиските награди! Тоа е филмски настан на кој се доделуваат награди во различни категории со цел да се промовираат талентите на уметниците од земјите на Источна Европа и Западна Азија. https://t.co/H5UZxghAUJ