После пет години застој, Штип конечно ќе го добие првиот затворен базен. Заедно со ресорното министерство напорно работиме истиот да биде пуштен пред почетокот на пливачката сезона.
Денеска присуствував на отворањето на клон од детската градинка „Вера Циривири Трена“ и спортската балон сала во рамки на подрачното училиште ОУ „Гоце Делчев“ во населбата Три Чешми, Општина Штип.
Со вложување од 2.500.000 денари од буџетот на Општина Штип, во училиштето се адаптираше неискористен простор за згрижување на 40 деца, обезбедувајќи им воспитно-згрижувачки услови. Покрај тоа, новата спортска сала, финансирана со 10.000.000 денари од блок-дотации од Министерството за образование, ќе биде простор за спортски активности и развој на младите.
Како што истакна градоначалникот @ivan__jordanov, продолжуваме со нови проекти. Веќе следната недела започнува изградбата на обиколницата, вредна 2 милиони евра, а во втората половина на јануари ќе го објавиме новиот повик за проекти вредни 6,5 милиони евра за Штип.
Заедно ја развиваме Македонија и создаваме подобра иднина за сите граѓани!
Традиционално четрвта година по ред Општина Штип за Божиќните празници доделува хуманитарни пакети на социјално ранливи семејства. Сите заедно да ги дочекуваме овие празници во мир и благосостојба.
📌Во изминатите три години во Штип реализиравме над 4️⃣0️⃣0️⃣ проекти, со тоа го правиме помеѓу водечките општини во државата по број на реализирани проекти.
Продолжуваме во периодот што следува со уште посилно темпо со нови проекти за граѓаните.
https://t.co/Tx3HCJ0JsI
Институциите во Општина Штип се во сигурни раце. Со ваков крупен исчекор, значително ќе се подобри организацијата на културните настани во Општина Штип.
Како што добивме датум за датум на датумот за ЕУ, така 4-та година славиме одобрение за одобрение на решението со кое се одобрува и позитивно се препорачува градба на брана на река Отиња.