ℹ️ Официјалниот претставник на Фондацијата Конрад Аденауер во 🇲🇰, Даниел Браун, оствари средба со заменик-министерот на Министерството за односи меѓу заедниците, Неждет Мустафа, на која се разговараше за работата на министерството и можностите за заедничка соработка.
📢 Денес во посета на канцеларијата во Скопје беше група на 20 средношколци од Хајлвиг гимназијата во Хамбург 🇩🇪, кои со претставникот на фондацијата Конрад Аденауер, Даниел Браун, имаа можност да разговараат околу политичката состојба и евро-интегративните процеси на 🇲🇰.
📢Вчера беше остварена средба помеѓу претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и делегација од 🇲🇰, со претседателот на Фондацијата Конрад Аденауер, проф.д-р Норберт Ламерт и раководство на КАС, во рамки на која се реафирмираше взаемната посветеност во рамки на идната соработка
📢 Изразуваме благодарност за посетата на Александер Берибес , Координатор на Фондацијата Конрад Аденауер за Западен Балкан и Југоисточна Европа на канцеларијата на КАС во 🇲🇰, воедно се радуваме на продолжување на добрата соработка 🤝 и во иднина.
📃 Претстојната изборна година во 🇲🇰 беше најавена со заклетвата на техничката Влада на 28 јануари 2024 г. која требаше да се формира 100 дена пред датумот на изборите.
Повеќе околу политичката ситуација прочитајте во извештајот за земјата достапен на 🇩🇪
https://t.co/y0BKrMp4rw
ℹ️На 30. јануари во Штип се одржа проекција на филмот “Конференцијата во Ванзе”.
Филмската проекција беше организирана во соработка со Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија и со поддршка од општина Штип и Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип.
https://t.co/xodndMV2nY
📢Фондацијата Конрад Аденауер организираше еднодневен тренинг со наслов “Искористете ја моќта на Chat GPT 3.5 и 4.0 во вашиот секојдневен живот и работа”, наменет за јакнење на капацитетите на млади професионалци и студенти кои се дел од мрежата на стипендисти на КАС. 👩💻🧑💻
‼️ Во новата Политичка мисла заедно со @IDSCS_Skopje објавуваме интересна анализа за Потрагата на мнозинство на Европската Народна партија во новата структура на 🇪🇺 Парламент, колку авторитет даваат 100.000 следбеници и дали 🇺🇸 е No Country for Old Men?
🌐https://t.co/RAQqzqEya8
📢 Фондацијата Конрад Аденауер го објавува Мултирелигискиот Календар за 2024 година.
🌐Ве покануваме да го погледнете најновото издание на календарот на линкот во прилог 👇
https://t.co/AxSIND1xds
🎄Предновогодишно дружење🎄
Во присуство на нашите стипендисти и алумни, партнери и пријатели, вчера се случи предновогодишно дружење во канцеларијата на КАС.
Во оваа прилика на сите им се заблагодаруваме за присуството и успешната соработка изминатата година.
🇲🇰🇪🇺Во 2023 година, 60% од македонското население ги поддржува перспективите на земјата за членство во ЕУ, што e најнискиот процент на поддршка до сега.
📄Резултатите од анализите изработени заедно со @kas_mkd прочитајте ги тука 👇
https://t.co/PXgnRzmPoW
📢 На 22.12 (петок) во #Агенда35 проследете го интервјуто на Официјалниот претставник на КАС во 🇲🇰, Даниел Браун.
ℹ️ Разговорот се фокусира на процесот на преговори со 🇪🇺, како и на резултатите од Анализата на јавното мислење за македонскиот процес за пристапување кон ЕУ.
📢 Во рамките на посетата на Германија, Даниел Браун, Официјалниот претставник на КАС учествуваше на панел дискусија во Ерфурт на која со претставници од 🇲🇰 и 🇩🇪 се разговараше за перспективите за пристапување на земјите од Западен Балкан во 🇪🇺.
ℹ️Во рамки на одбележувањето на трагичните настани од 08 и 09 ноември 1938 кога во Германија и дел од Австрија се случи акт на масовно прогонување на Евреите познат како Кристална ноќ, во Меморијалниот центар на холокаустот се одржа проекција на филмот “Конференцијата во Ванзе”.
ℹ️ Фондацијата Конрад Аденауер и Школата за Јавни политики “Мајка Тереза” во периодот 25.-27. октомври го организираа настанот “Зајакнување на регионалната соработка, стабилноста и добрососедските односи во време на војна” наменет за професионалци од различни области од 🇲🇰 и 🇧🇬
📢Денес во просториите на Министерството за надворешни работи на 🇲🇰, беше организирана панел дискусија на која воедно се презентираше публикацијата “Кинеското влијание врз процесот на пристапување на Западен Балкан во ЕУ: синергии и пречки”.
@kas_mkd 🤝 @WMCESProjects
📢 Вчера на УКЛО во присуство на претставници на академската заедница, експерти и студенти се одржа првата дискусија🗣️во рамки на Катедра Аденауер 2023 на тема „Повторно за Балканот-Помеѓу трансатлантскиот сојуз и надворешните влијанија во поглед на руската агресија во Украина“.